За раст, развој и координација на движењата – поред трчањето, најдобра ареобна активност за деца е возењето на велосипед.
Родителите кога треба да го научат нивното дете да вози велосипед имаат поголема трема од нивните деца. Родителите често на своите деца купуваат велосипед со помошни тркала од страв да не се повредат при возењето или поради тоа што не се сигурни како да ги научат да го возат велосипедот. Сето тоа не мора да биде стресно и напорно. За раст, развој и координација на движењата поред трчањето, најдобра ареобна активност за деца е возењето на велосипед. Некои деца ќе научат да возат велосипед са пет, некои со 10 години, но сите на почеток паѓале и грешеле.
Лесно вртење на педалите
Стручњаците им советуваат на родителите да ги пуштат нивните деца сами да ја совладаат техниката на движењето на педалите, додека се уште го возат велосипедот на три тркала. Со текот на време ќе научат да ја одржуваат рамнотежата па полесно ќе преминат на велосипед на два тркала.
Како да се застанат
Токму поради стравот од паѓањето децата не можат веднаш да ја совладаат техниката на возење. Затоа родителот треба да ги научат детето што да прави кога ќе почувствува дека ја губи рамнотежата и кога ќе посака да застане. Решението е сосема едноставно. Доволно е само да во моментот кога детето ќе осети дека не е нестабилно да ја спушти едната или двете нозе. Вежбајте со Вашето дете да ја спушти ногата и покажете му дека во секој миг може да биде сигурен кога ќе ги спушти нозете и кога ќе се потпре на патеката. Работете го тоа пред да почнете со возењето, додека детето само седи на велосипед. Секој ден по малку возење
Кога детето само ќе се увери дека нема опасност од паѓањето, останатиот дел од работата потполно самостојно ќе го одработи. Покажете му како да тргне. Додека со една нога се потпира на патеката, со другата нога треба да ја притисне педалата и да тргне со возење. Из ден во ден Вашето дете ќе успее да ги преминува се подол пат, со секој успешен обид ќе порасне и неговата самодоверба.
Восхитувајте му се на Вашето дете
На родителот му се препорачува да седне на клупа во паркот и да го поттикнува детето. Набљудувајте го и восхитувајте му се на неговата способност. Психолозите истакнуваат дека е важно да го следите неговото напредување. Кога детето ќе ви се обрати, Вашиот поглед ќе биде за него најголема награда и пофалба. А колку е тоа битно за детската самодоверба и во други ситуации, не е возможно да се опише.
Задолжителна кацига на глава
Децата мора да носат кацига на глава. Поради ризик од падот од велосипед децата можат сериозно да се повредат. Според студиите носењето на кацига може да го спречи повредувањето дури во 85% случаеви. Затоа не дозволувајте да Вашето дете да вози без кацига, дури ни во Вашиот двор.