Dr. Hauschka козметиката се темели на внимателно одбрани состојки. Начинот на кој се приготвуваат одредени компоненти е многу важен. Ритамот при тоа има главна улога.
Ритамот носи живот!
Dr. Rudolf Hauschka во 1924 год. На Конгрес во Arnheim (Холандија) се запознал со Dr. Rudolf Steiner, основачот на антропозофијата. Разговарале за тоа што е животот. Steiner на тоа прашање одговорил: Проучувај ги ритмите, ритамот носи живот. Dr. Hauschka тоа го поттикнало да развие сопствен начин на производство кој што ќе ги проучува ритмовите на природата. И денес вработените во WALA на тој начин ги добиваат водените екстракти на лековитите растенија во кои се содржани виталноста на растенијата.
Името WALA настанало од постапката која во ритмичките процеси на производство има важна улога: Warmth (топлина), Ash(пепел), Light (светло), Ash (пепел).
Нега во согласност со ритмите!
Природата има свој ритам: промена на сезоните, денот и ноќта, плимата и осеката… Нашата кожа ги сокрива своите сопствени ритми: на пример површинскиот слој на кожата се обновува за 28 дена. Кожата се однесува различно преку ден и навечер.
Dr. Hauschka козметика ги поддржува овие ритми и со тоа ја стабилизира сопствената активност на кожата. Ноќната нега која не содржи маснотии е прилагодена за потребите на кожата навечер.
Откријте ја целосната нега и уживајте во ритамот на животот…