На оваа тема пишува Спец. Д-р. Ѓоко Маркоски специјалист по радиологија во Полиликлиника НЕУРОМЕДИКА.
Коските, зглобовите и мускулите ни овозможуваат стабилност и ни даваат потпора и сила за сите наши движења. Мускулните контракции ни ги овозможуваат и секојдневните активности, ни овозможуваат да вежбаме и спортуваме носејки ни бенефиции и задоволство, но исто така и можност од повреда.
Мускулоскелетните повреди се чести кај професионалните спортисти. Но бидејки модерното општество е се повеќе фитнес ориентирано, голем дел од генералната популација е вклучена во рекреациони спортски активности и е подлежна на повреди.
Радиолошката дијагнозата на спортските повреди особено напредна во последните две до три децении со воведување на ултразвукот со висока резолуција, мултидетекторната компјутеризираната томографија и најмногу воведување на магнетната резонанца.
Додека во раните години дијагнозата на спортските повреди се засноваше само на радиографијата и сцинтиграфијата, воведувањето на новите методи ни овозможува попрецизна дијагноза.
Така на пример терминот “едем на коскената срцевина” не постоеше во радиолошката литература пред 1988 година, но со воведување на магнетната резонанца во дијагноза на мускулоскелетните повреди и заболувања објавени се огромен број трудови за овој специфичен термин.
Дијагнозата на спортските повреди значи тимско залагање од страна на спортскиот доктор, ортопедскиот хирург, радиологот и радиолошкиот технолог.
Но, земајки во предвид дека честопати типот и интензитетот на повредата не може клинички да биде одредена, радиолошката дијагноза, особено магнетната резонанца се почесто е користена во идентификување на типот, локализацијата и тежината на повредата а со тоа има и клучно место во планирањето на третманот, прогнозата, проценка на ефектот од третманот и детектирењето на потенцијалните компликации.
Како што напоменав постојат повеќе методи кои може да имаат комплементарна улога во детекцијата на спортските повреди, но секоја од нив има своја индикација, предност и слабост.
Радиографијата останува најчестиот иницијален метод на избор во евалуација на симптоматските пациенти. Покрај тоа што преставува релативно евтина скрининг метода за остеоартикуларната патологија како фрактури и артритиси истата овозможува и детекција на некои абнормалности во мускулите и тетивите како што се депонирањеа на кристали на калциум хидроксиапатит и осификации.
Компјутеризираната томографија е комплементарна метода на радиографијата. Споредбено со радиографијата овозможува попрецизна евалуација на некои мускулоскелетни процеси вклучувајки карактеризирање на минерализран матрикс (на пример дали се работи за калцификација или осификација, осификација или остеосарком). Инаку компјутеризираната томографија не е често користена во дијагноза на мускулните и зглобните повреди затоа што има ограничена контрастна резолуција во прикажувањето на мускулите, тетивите, лигаментите и зглобната рскавица.
Ултразвукот има значајна улога во дијагнозата на мускулотетивните повреди и процеси. Негови примарни индикации се разграничување на солидни од цистични лезии, евалуација на васкуларизираноста на лезиите и динамичка евалуација на мускулотетивните структури. Сепак ултразвукот има ограничена контрастна резолуција, корисен е во евалуација на површните ткива но има ограничена улога во евалуацијата на повредите на длабоките мускули.
Магнетната резонанца се смета за напредната дијагностичка метода во дијагнозата на мускулоскелетните повреди. Предностите на магнетната резонанца се во тоа што нема јонизирачко зрачење и овозможува одлична контрастна резолуција во прикажување на меките ткива,мускулите, тетивите, лигаментите и рскавицата на зглобовите. Магнетната резонанца ги детектира промените во големината, формата и сигналниот интензитет (изгледот) на ткивата.
Магнетната резонанца треба да биде користена во дијагноза на спортските повреди, секогаш кога е потребна навремена и прецизна дијагноза особено во услови кога клиничката дијагниоза е несигурна, за да се одреди тежината на повредата и компликациите, за да се одреди причината за болка и атипични долготрајни симптоми, за преоперативна локализација на повредата.
Навремената и прецизна дијагоза на спортските повреди која ја овозможува модерната радиологија е од клучно значење особено за професионалните спортисти затоа што од нејзе зависи планирањето на третманот, рехабилитацијата, прогнозата и времето поминато надвор од спортските терени.
Во радиолошката амбуланта во Поликлиника НЕУРОМЕДИКА може да се извршат следниве дијагностички процедури:
- Магнетна Резонаца на неуро со DWI и спектроскопија
- Магнетна Резонаца на мускулоскелетна патологија
- Магнетна Резонаца на дојка
- Компјутерска томографија на бели дробови и абдомен
- Компјутерска томографија ангиографија
- Ехо на дојка и абдомен
- Мамографија
Спец. Д-р. Ѓоко Маркоски
Специјалист по радиологија
Поликлиника НЕУРОМЕДИКА
02/2 042-323
https://www.facebook.com/PZUNeuromedica