Во овој превкусен оброк вистински уживавме, одличен е во комбинација со бело вино.
Би ви го препорачале како предлог за романтична вечера со саканата/саканиот.
Потребни состојки:
– 1 пакување тортелини;
– 100 грама пршута;
– половина ситно исецкан кромид;
– 100 мл наутрална павлака за готвење
– 3 зденки
– вргањ
– зачини
– пармезан
– магдонос и доматен сос за декорација
1. Тортелините сварете ги и исцедете ги и оставете ги во цедилка попрскани со малку маслоново масло и сол;
2. Во тавче пропржете го ситно исецканиот кромид, нека добие малку златникава боја;
3. Додадете ги во тавчето вргањот ситно исецкан и откако ќе се пропржи додадете ја и пршута ;
4. Додадете ја неутралната павлака;
5. По 1 минута додадете ги зденките за да се стопат;
6. Додадете ги зачините
8. Додадете ги тортелините во тавата доколку е доволно длабока и избуричкајте 1-2 мин
9. Сервирајте во длабока чинија и горе поросете ситно изрендан пармезан
10. Декорирајте