Стручњаците препорачуваат газираните сокови да ги пиете во што е можно помали количества, а најдобро би било да престанете да ги пиете. Газираните сокови можат да го зголемат ризикот од различни здравствени заболувања.
Статистичките истражувања покажале дека консумацијата на газирани сокови во последните 20 години постојано се зголемува. Сите причини поради кои треба да престанете да ги пиете газираните сокови се поткрепени со научни истражувања.
Дебелеење
Неколку истражувања покажале дека газираните сокови можат да го зголемат ризикот од дебелеење. Истражувањата на американските научници покажале дека личностите кои во периодот од 10 години пијат 1 до 2 газирани пијалаци дневно, имаат дури за 500% поголем ризик од дебелеење, во однос на своите врсници кои газирани сокови ги пијат ретко или воопшто не ги пијат.
Дијабетес
Луѓе кои секојдневно консумираат газирани сокови имаат зголемен ниво на шеќер во крвта. Едно истражување покажало дека само едена газирана напивка дневно го зголемува ризикот од настанување на дијабетес за 36%.
Нездрави заби
Киселините од газираните сокови можат моментално да ги оштетат забите. Кога газираните сокови ги пиете секојдневно, ризик од настанување на болести на забите или десните дополнително се зголемува. Газираните сокови можат да ги оштетат забите пред се се зголемува ризикот од настанувањето на кариес и оштетување на забното месо.
Слаби коски
Газираните сокови можат посебно да бидат штетни за жени во среден животен век. Едно истражување покажало дека жени кои секојдневно ги консумираат газираните сокови имаат понизок процент на коскеното ткиво во однос на оние жени кои ретко пијат или воопшто не пијат газирани сокови.
Кардиоваскуларни заболувања
Едно истражување на научниците од Колумбија покажало дека е доволно да пиете само еден газиран сок дневно во период од 10 години како би се ризик од настанување на срцевите заболувања и мозочен удар зголемил дури за 43%.