Поради големото количество на минерали и витамини, сувите смоквите се одличен избор за ужина. Сувите смокви ја враќаат изгубената енергија, ослободуваат од нервоза и несоница и ја подобрува нашата меморија и концентрација.
Сувите смокви се одличен извор на минерали, како што е калциум, бакар, калиум, манган, железо, селен и цинк. Во 100 грама суви смокви има 640 милиграми калиум, 165 милиграми калциум, 2.03 милиграми железо и 232 милиграми калиум. Калиумот е составен дел на клетките и телесните течности кои помагаат во контролата на отчукувањето на срцето, аритмија и крвниот притисок. Бакар како и железото се потребни за производство на црвените крвни зрнца и за оксидација на клетките.
Содржат повеќе калциум од млекото
Сувите смокви се многу здрави и хранливи, а слабо е познат фактот дека содржат повеќе калциум од кравјото млеко. Поради големото количество на бакар им се препорачува на луѓе кои имаат анемија, затоа што бакарот го поттикнува производството на црвените крвни зрнца. Сувите смокви се добар борец против остеопороза и само десет суви смокви дневно превентивно делуваат против губењето на коскеното ткиво. Го забавуваат стареењето, добри се во војната против слободните радикали, богати се со антиоксиданси и го забрзуваат метаболизмот.
Внимание!
Дијабетичарите треба да бидат внимателни при консумирањето на суви смокви, но и оние кои имаат проблеми со дебелината, затоа што сувите смокви имаат пет пати повеќе калории од свежите смокви.