Секојдневно ги слушаме советите за тоа како треба да ги прифаќаме здравите навики и тоа посебно се однесува на здравиот начин на исхрана. Позинато е дека свежиот зеленчук и овошје го чува нашето здравје, а намирниците кои најчесто се користат во медитеранската кујна го одржуваат убавиот изглед.
Здравиот организам е темел за убав и негуван изглед, а свежите намирници кои ги внесуваме во нашиот организам долго ќе го чуваат нашето здравје и имунитет и ќе го забават стареењето на кожата. Голем број на истражувања покажале дека токму медитеранска кујна е една од најздравите во светот. Уз овошје и зеленчук тука се уште маслиновото масло, рибата, житарки кои се од голема важност кога е во прашање здравјето и убавината.
Овошјето и зеленчукот и различните салати се познати антиоксиданси кои ќе се погрижат Вашата кожа да изгледа младо. Поради каротенот и витаминот А кои што се присутни во медитеранската исхрана ќе не сочуваат од болестите како што е на пример карцином на белите дробови. Салатите и зеленчукот исто така се богати со витамин Ц, фолната киселина, минералните соли и влакна кои и се вбројуваат помеѓу најважните извори на здрава исхрана.
Житарките, кои можеме да ги придружиме со тестенините, лебот, оризот и пченката се едноставно незаменливи кога станува збор за правилна и здрава исхрана. Житарките исто така ги содржат јагленохидратите кои се одличен извор на енергија. Уз сето тоа ни обезбедуваат доволно влакна и витамини Б и Е. Посебно обратете внимание на тоа да во Вашата исхрана воведете цели житарки, а што е можно помалку оние кои се преработени.
Надалеку е познато и маслиновото масло како единствен пример на извор на здравјето за нашиот организам, а посебно се однесува тоа на луѓе кои мораат да внимаваат на високиот холестерол. Маслиновото масло делува благотворно на нашиот организам, а во исхраната можеме да го комбинираме на многу начини. Посебно се препорачува кај проблеми со стеснување на крните жили и болестите на срцето, како и кај тромбоза и артериосклероза.
Лукот е основна намирница при подготвување на медитеранските специјалитети, а посебно е богат со витамин А, Б и Ц и со минерали. Освен што има специфичен вкус и мирис, лукот се користи и како лек кај реуматски тегоби и фантастичен е диуретик. Редовното консумирање на лук во исхраната докажано го намалува ризикот од карциномот на желудникот и карциномот на белите дробови.
Рибата е богата со омега 3 масни киселини, па е како таква од голема важност за здравје на нашиот организам, а посебно помага кај болестите на срцето и крвните садови. Нутриционистите препорачуваат количеството од 4-5 појадоци дневно, отприлика помеѓу 100 и 200 грама по порција. Видовите на риба, каде што се вклучени туната, сардините, лососот се богати со минерали посебно со калциум.