Пролетта е период кога имаме најмногу енергија и со првите сончеви денови сме повеќе активни и повеќе одлучни, почнувајќи од големото спремање на домот до чистењето на организмот од отрови.
За да Вашата детоксикација биде успешна, потребно е да се придржувате до следните совети и тоа не само во текот на период на активното чистење на организмот од отровите, туку да ги задржиме веќе стекнатите навики како составен дел од животот. Кога се спроведува детоксикацијата на организмот важно е да во текот на денот внесувате многу течности, посебно чаеви кои имаат функција на чистење.
ЗЕЛЕН ЧАЈ – една шолја зелен чај е преполна со антиоксиданси. Зелениот чај не само што го чисти организмот од токсините, туку содржи и посебен вид на антиоксиданси кои се викаат катехини, за кои се знае дека ја зголемуваат функцијата на џигерот. Најчесто се купува во веќе пакувани филтер вкрекички со едноставно упатство за употреба.
ЧАЈ ОД ЛАНЕНО СЕМЕ – прелејте 2 големи лажици ланено семе со 250 милилитри млака вода, малку измешајте и оставете да поседи околу еден час. Процедете и се пие наутро пред јадење. Семките лан содржат омега 3 масни киселини и слуз која го олеснува чистењето на цревата.
ЧАЈ ОД КОПРИВА – од секогаш е познат како корисно природно средство за чистење на крвта.
ОВОШЈЕ – посебно јаболката, одлично го чисти телото од тешките токсини па е извонредно корисна за детоксикација. Јаболката е природен антиоксиданс, лесно се вари, содржи премногу хранливи материи, витамини и посебно витамин Ц.
ЗЕЛЕНА ХРАНА – кога ќе се подготвите за детоксикација на организмот, наполнете го Вашиот фрижидер со храна со зелена боја ( спанаќ, келј, брокола, марула, зелени алги). Овие намирници го чистат телото од различни хемиски отрови (хербициди, пестициди, тешки метали, средства за чистење). Што значи дека се корисни за детоксикација на џигерот.
ЛУК – го поттикнува џигерот да произведува ензими кои помагаат во детоксикацијата од токсичните остатоци во системот за варење. Затоа е корисна употребата на лукот како додаток во јадењата.
БРОКОЛИ – се извонредно силен антиоксиданс. Овој зеленчук го стимулира производството на ензими кои се одговорни за детоксикацијата во пробавниот тракт.
ОРЕВИ, БАДЕМИ И СЕМКИ – задолжително воведете ги во исхраната. Тука нека биде вклучено лененото семе, семки од тиква, семки од сончоглед, сусам, и веќе спомнатите бадеми и ореви.
ОМЕГА 3 МАСНИ КИСЕЛИНИ – додека ја спроведувате детоксикацијата на организмот првенствено употребувајте го маслиновото масло или масло од авокадо, масло од ленено семе. Овие масла ќе ги премачкаат ѕидовите на цревата, потоа ќе ги апсорбираат токсините како полесно и побрзо би се елиминирале од телото.