Боровинките како и останатите овошни бобинки, содржат витамини, минерали, диетални влакна и фито материи кои помагаат во заштитата на организмот од различни заболувања, вклучувајќи ги дури и тешките болести како што се карциноми и срцевите заболувања. При спроведувањето на најновите истражувања , боровинката е препознаена како една од најздравите плодови, благодарение на високиот ниво на антиоксиданси како во плодот така и во листот.
Две нај активни состојки кои се наоѓаат во боровинката се Anthocyanin и Pterostilben. Anthocyanin се смета за најмоќен антиоксиданс, а Pterostilben како и други антиоксиданси кои се наоѓаат во боровинката посебно се заслужни во помошта при регулацијата на нивото на шеќерот во крвта.
Со оглед на спомнатата концентрација на антиоксиданси кои се главни неутрализатори на слободните радикали во телото, боровинката е високо ценета во превенцијата кај различни крвни заболувања, карциноми, срцеви заболувања, регулација на шеќерот во крвта и маснотиите, подобрување на видот, подобрување на менталните способности и забавување на штетните процеси каде што слободните радикали ја оштетуваат колагенските клетки на кожата.
Боровинките, како и друго шумско овошје – брусници, малини, капинки, јагоди извонредно го зајакнуваат имунитетот. Антиоксидансот кој и дава прекрасна сина боја, го штити телото од слободните радикали и ја поттикнува побрза циркулација на крвта низ крвните садови. Корисните материи така побрзо стигнуваат до деловите на телото каде што се потребни. Една рака боровинки дневно доволна е да го зачувате здравјето. Јадете ги како додаток во јадењата без разлика дали се замрзнати или сушени. Доколку не ги сакате боровинките, јадете задолжително шумско овошје!