Никулците од семките се “зеленчук“ кое можеме да го јадеме во текот на целата година. Освен што го збогатуваат менито, никулците донесуваат во кујната потполно ново доживување на вкусовите. Спектарот на нивниот вкус оди од благ, јаткаст па се до пикантен и зачинет вкус. Никулците се невообичаено здрав зеленчук, полни со витамини и минерали. Секогаш е добро да се јадат и лесно се одгледуваат. Никулци се живи билки во полн раст. Имаат пријатен вкус, само некои на пример од коприва, ротква, копар, целер и магдонос имаат лут вкус и се користат повеќе како зачин отколку како намирница.
Како да изртат?
Едноставно е, иако може да Ви се случи да не успеете од прва. Доколку има премногу влага семето може да мувлоса, наместо да изрти. А доколку има премалку влага, семето ќе остане суво и воопшто нема да изрти. Бидете упорни и обидете се повторно!
Истребете ги семките, отстранете ги оштетените семки, па во литар млака вода ставете лажица ситни семки или третина шолјата од крупните семки. Потопувањето трае неколку часа, најчесто се оставаат семките во вода преку ноќ на темно место. Следното утро исцедете ги семките, не ја фрлајте водата бидејќи во неа се наоѓаат драгоцени состојки па искористете ја за залевање на билките.
Изртените семки внимателно исперете ги под млаз вода, исцедете ги добро и ставете ги во тегла. Покријте ја теглата со газа и прицврстете ја со ластика. Ставете на темно место и исперете два три или повеќе пати на ден (низ газата), водејќи сметка за времето – доколку е влажно и студено, мијте ги поретко, а доколку е топло и жешко, тогаш мијте ги почесто. Откако ќе ги измиете никулците и исцедете вода, теглата со газа ставете ја така да долниот дел од теглата биде на малку повисок дел за да се исцеди преостанатата вода. Никулците во оваа фаза мора да бидат само влажни, но не да бидат потопени во водата. Не заборавајте редовно да ги миете никулците, бидејќи така ќе ја отстранете мувлата и потенцијалните штетни микроорганизми.
По неколку дена истребете ги никулците и фрлете ги семките кои не изртеле. Дали никулецот е добар ќе видете според должината и бојата. Некои никулци пред консумирање можете да ги ставете на сонце како би се појавиле зелени ливчиња.
По секое ртење теглата и газата треба добро да се измијат и стерилизираат ( да се варат во зовриена вода).
Никулците секогаш чувајте ги во фрижидер, а пред консумација измијте ги со вода.
НИКУЛЦИ ОД ПЧЕНКА – содржат бекловини, магнезиум, витамин Е и витамините од Б групата. Го поттикнуваат метаболизмот, го отстрануваат стресот и се препорачуваат да се воведат во исхраната на деца и повозрасни луѓе.
НИКУЛЦИ ОД ЛЕБЛЕБИЈА (НАУТ) – содржат белковини, јагленихидрати, железо, витамини А, Б, ја зајакнуваат функцијата на срцето и желудникот.
НИКУЛЦИ ОД СУСАМ – содржат незаситени масни киселини, лецитин, калиум, фосфор, магнезиум, витамини А, Б и Е. Преставуваат извонреден додаток во салатите, чорбите, супите и здрави посластици.
НИКУЛЦИ ОД БРОКУЛАТА – содржат сулфурафан и други антиоксиданси, премногу витамини и минерали, помагаат во лекувањето на некои видови на карцином и други заболувања.
НИКУЛЦИ ОД ГРАШОК – содржат белковини, компоненти кои обезбедуваат рамнотежа на организмот и одржуваат стабилен ниво на шеќер во организмот.
НИКУЛЦИ ОД ЛЕЌА – содржат белковини, цинк, фосфор, манган, селен, железо, витамини А, Б, Ц и Е. Делуваат како диуретик, го зајакнуваат срцето и имунитетот.