Ве мачи дилема на кој начин да му помогнете на Вашето дете да ги научи лекциите кој ги учи во училиштето и што подобро да ги запомни? Стекнувате ли впечаток дека Вашето дете брзо ги заборава претходните лекции? Според психолозите, процесот на заборавањето кај учениците почнува истиот момент кога се престанува со учењето. На меморијата сепак може да се влијае така ќе се сведе на минимум губењето на важни податоци.
Читајте го новото градиво на глас
Стручњаците потврдуваат дека учениците најмногу забораваат во првите часови по завршувањето на часовите. Затоа на родителите им се советува да му помогнат на детето така што заедно ќе го прочитаат новото градиво истиот ден кога учителот го има предавано. Кога детето ќе дојде од училиште, треба да пронајде време и да барем со едно читање на глас ја повтори новата лекција. На тој начин ќе успее да во меморијата ја сочува добриот дел од новото градиво и да си заштеди време кое му е потребно истата лекција да е научи во целост.
Повторете ја лекцијата пред спиење
Стручњаците од областа на педагогија препорачуваат потешките делови од лекцијата еднаш да се прочитаат пред легнување во кревет. Така мозокот подобро ќе го сочува она што детето го научило преку ден. Во текот на сонот детето не прима нови информации кои би можеле да ги минираат оние од претходниот ден. Со цел помнењето да се подобри се советува веднаш по будењето да се повторат истите проблематични делови, кое детето ги има читано пред спиење.
Скици и шеми се од голема помош
Уште еден добар начин да се утврди наученото градиво е да се подготват скици и шеми кои ќе содржат главни делови од лекцијата. Направете на лист хартија шема каде ќе ги издвоите важни поднаслови, факти, дати, имиња на важните личности, држави, територии… Шемата залепете ја на некое видливо место во детската соба, така да детето во секој момент може да ја види шемата во поминување и да се потсети на градивото што го учеше во училиштето.
Првиот ден во градинката
Секое дете е различно и поинакво ќе реагира кога ќе го оставите во градинката и кога ќе заминете по свој пат. Сепак, колку и да е прилагодливо Вашето дете во првите неколку дена ќе проживее одреден шок. Сите тие големи промени во неговиот живот можете да ги намалите со одредени активности кои морате да ги преземете пред самото заминување во градинка. Времето на подготовките нека биде забавно затоа што во тој период учењето за деца не смее да биде напорно и досадно. Детето не смее да мисли дека секоја активност е учење и дека секое Ваше заминување има едукативен ефект. Најважно е детето да го подготвите за слушање и да се согласува со другите деца.