За подготовка на овој рецепт потребни ви се:
– 4 јајца,
– 4 лажици шеќер,
– пакетче ванилин шеќер
– 4 лажици брашно,
– мармалад од шумско овошје/сливи
– шеќер во прав
– свежо шумско овошје
Подготовка:
1. Белките и жолчките поделете ги посебно
2. Со миксер изматете шлаг од белките.
3. Додадете го шеќерот и ванилиниот шеќер и биете додека не се добие цврта пена.
4. Во изматениот шлаг полека една по една додавајте ги жолчките и бијте додека не се добие хомогена смеса (до 2 минути)
5. Смесата истурете ја во калапчиња за мафини или во нашиот случај калап од силикон за поголеми колачиња.
6. Калапчињата наполнете ги до пола со смесата во секое калапче додајте по една лажица мармалад и остатокот од смесата истурете го врз останатата половина од калапчето (мармаладот треба да се наоѓа во средина)
7. Печете во рерна на 1800˚Ц, во тавче (30х35) околу 20 минути
8. Колачињата прекријте ги со крпа и оставете ги малку да се оладат
9. На оладедените колачиња додадете шеќер во прав и сервирајте со свежо шумско овошје
На здравје!