Во Египет, хибискусот бил познат уште од древните времиња како национален пијалак и како билка која лекува многу заболувања поради високата концентрација на витамини и органски киселини. Се пие како освежителна напивка во жешките летни денови, било да е ладен или топол.
Чај од хибискус бил и омилена напивка на Клеопатра, која редовно го консумирала. Дури од него подготвувала и балсами за тело.
Чај од хибискус е природни лек против настинки, кашлица, грип и треска. Испијте чаша од овој билен чај за да се ослободите од грип и треска. Жените кои се во менопауза можат да имаат корист од цветот хибискус. Хибискус има смирувачки ефект, го разладува телото и го намалува чувството на жештина.
Еден од главните здравствени предности на хибискусот е тоа што е богат со антиоксиданси. Чајот од хибискус може да го намали покачениот крвен притисок и лошиот ниво на холестерол.
Хибискус на природен начин ја зголемува нашата енергија. Црвените цветови се богат извор на витамин Ц кој ја зголемува телесната енергија. Антиоксиданси кои се пронајдени во хибискусот можат да се споредат со антиоксидансите во црвеното вино. Голем број на студии откриле дека присутноста на антиоксиданси може да го намалат нивото на холестерол и триглицериди во телото.
Хибискус е природен лек за хипертензија. Тој го намалува високиот крвен притисок кој автоматски го произведува стресот.
Цветот хибискус позитивно делува на косата. Доколку го варите во вода, а потоа нанесете на косата, цветот ќе Ви помогне да го излекувате опаѓањето на косата. Исто така хибискусот позитивно влијае на кожата. Хибискусот често се користи како природен лек за акни. Доколку имате акни, потопете го хибискусот во водата да поседи повеќе часа, а потоа сомелете го. Измешајте ја смесата со мед и нанесувајте на лицето.