Движењето на мускулите го поттикнува ослободувањето на хормоните кои делуваат на мозокот и влијаат врз растот на мозочните клетки, регулираат расположение и ја подобруваат концентрацијата.
Кардиоваскуларните вежби се вежби од аеробен тип. Освен за зајакнување на кардиоваскуларниот систем и слабеење, одлични се и за Вашиот мозок. Подобрувањето на циркулацијата ќе овозможи повеќе крв во мозокот и ќе му обезбеди кислород и гликоза, што му е потребно за нормалното функционирање.
Секое раздвижување на мускулите ќе поттикне ослободување на различните хормони кои делуваат на мозокот. Тие хормони влијаат на растот на клетките во мозокот, регулирање на расположението и подобрување на концентрацијата.
Со помош на кардиоваскуларните вежби се ослободуваат клучните хормони׃
- Сератонит, кој го подобрува расположението
- Допамин, ја подобрува концентрацијата и помнењето
- Норепинефрин, позитивно влијае врз вниманието, перцепцијата и мотивацијата
Доколку вежбате секојдневно, ги ослободувате хормоните и ја подобрувате циркулацијата а со самото тоа се поттикнува растот на мозочните клетки. Во едно истражување научниците востановиле дека 60 минутно вежбање три пати во неделата во периодот од шест месеци, го поттикнува растот на хипоталумусот, делот на мозокот кој е заслужен за помнење и учење.
Продуктивноста
Личностите кои секојдневно вежбаат, дури 23% повеќе се продуктивни. Вежбањето делува како шолја кафе. Срцето почнува побрзо да работи, се подобрува циркулацијата, телото се исполнува со енергија, а мислите стануваат појасни. Само 30 минути лесно возење на велосипед ќе Ви ја подобри концентрацијата, која ќе биде на висок ниво во наредните 60 минути.
Помнењето
Доколку имате проблеми со помнењето на имињата, почнете да вежбате. Во едно истражување се покажало дека жените подобро го решиле тестот за помнење за 20% подобро по трчањето.
Стресот
Научниците докажале дека редовните телесни вежби во голема мера го намалуваат нивото на стресот. Само 20 минути возење на велосипед ќе го подобри Вашето расположение. Најдобро од се е дека тоа позитивно расположение ќе трае во наредните 12 часа. Во текот на вежбањето доаѓа до растење на нови клетки во мозокот. Клетките ќе му помогнат на мозокот подобро да се справи со стресот. Со други зборови, Вашиот мозок подобро ќе се справи со секоја стресна ситуација доколку редовно вежбате.
Комуникацијата
Научниците откриле дека луѓе кои редовно вежбаат се повеќе вешти во секојдневната комуникација на деловен и на приватен план. Само по неколку месеци на редовно вежбање, ќе се чувствувате повеќе самоуверени, што ќе придонесе кон успешна комуникација која вклучува постигнување на компромис, договарање на деловните работи, преговарање и слично. Освен добра комуникација, личностите кои редовно вежбаат лесно и побрзо донесуваат најдобри можни одлуки.
Расположението
Заборавете ги антидепресивите и почнете да вежбате. Научниците докажале дека вежбањето го намалува ризикот од настанување на депресија и честата ненадејна промена на расположението. Со помош на вежбањето ќе се ослободат хормоните кои влијаат на доброто расположение (ендорфин, сератонит). Самодовербата има голема улога во одредувањето на расположението. Со вежбањето ќе го подобрите Вашиот изглед, ќе се чувствувате самоуверено и ќе бидете подобро расположени.