Ви предлагаме рецепт за лазањи со три вида на печурки: буковки, шампињони и шитаке печурки. Печурките ќе бидат мешани со сочен бешамел сос помеѓу редовите на вкусната тестенина и гауда. Уз три вида на печурки за овој рецепт Ви се потребни и класични зачини како што е кромид, лук, магдонос кои ќе го збогатат вкусот на лазањите. Лазањите послужете со зелена салата.
Состојки:
- 1 пакување лазањи
- 350 грама шампињони
- 200 грама буковки
- 150 грама шитаќи печурки
- една киска магдонос
- 1 кромид
- 4 чена лук
- 250 грама гауда
- 1 чаша кисела павлака
- 3 лажици брашно
- 1 литар млеко
- 2 лажици путер
- мускатно оревче
- маслиново масло, сол, црна пипер
Подготовка:
На путер кратко пржете го брашното па полека додавајте го млекото уз постојано мешање. Додадете сол, пипер и мускатно оревче и варете 15 минути на средна температура на огнот. Кока смесата делумно ќе се олади додадете ја киселата павлака. Сечете ги на ситно кромидот, магдоносот и лукот. Потоа исчистете ги печурките и сечете ги на ситно. Изрендајте ја гаудата. На маслиновото масло пржете го кромидот па додадете ги печурките и продолжете со пржењето уште 10 минути. Додадете го лукот и магдоносот и привршувајте со пржењето.
Дното на садот каде што ќе се печат лазањите премачкајте го со путер и прекријте со бешамел сос. Со ред сложувајте ги слоевите со тесто, бешамел, пржени печурки и рендана гауда додека ќе ги истрошите состојките. Последниот слој завршете го со бешамел сос и рендана гауда. Печете во загреана рерна 20 минути на 200 степени. Кога лазањите се готови оставете ги 15 минути да се оладат па се послужите со неа уз додаток на зелена салата.