Во нашата нова секција наменета за Традиционални домашни рецепти под покровителство на BeORG денес ви претставуваме: домашен рецепт со органски мед и лук за подобрување на имунитетот.
Дали знаевте дека во вашата сопствена кујна веќе имате состојки кои можат да го подобрат вашиот имунитет?
Од свежата кујна на BeOrg оваа недела ви нудиме две многу битни состојки со кои ќе направите одличен рецепт за подобрување на вашиот имунитет- органски лук и чист органски мед.
Органското лукче има многу здравствени бенефиции врз вашиот организам почнувајќи од од: одржување на стабилни нивоа на крвниот притисок, подобрување на срцевата работа, борба со најразлични болести и зајакнување на имуниот систем.
Лукот е најмоќен за употреба во неговата свежа –сирова состојба. Алицинот е делот од ова растение кое го прави ппотентен лек за зајакнување на имунитетот, а воедно тој е оној дел кој го носи и неговиот силен мирис и вкус.
Органскиот чист мед пак има бројни бенефиции врз човековото здравје. Со конзумирање на една дрвена мала лажичка мед наутро вие го поттикнувате забрзувањето на метаболизамот, ги регулирате нивоата на шеќер во крвта и добивате енергија.
Сировиот мед е богат со ензими, витамини и минерали и делува антиоксидативно и се бори против слободните радикали. Иако е особено благ, една лажичка органски мед наутро за разликаод останатите медови збогатени со шеќер нема да дозволи покачување на шеќерот во крвта.
Со комбинирањето на лукот кој го подобрува имунитетот и сировиот органски мед кој е богат со антиоксиданси се добива супер-храна за подобрување на целокупното здравје.
Трикот за добивање на сите здравствени бенефити од оваа комбинација е лукот да се изгмечи прво и врз него да се истури медот. Со кршењето на лукот се обезбедува ослободување на природните ензими и постигнување на максималниот потенцијал на лукот.
Потребни состојки:
-1/2 кг Чист Органски мед (достапен во БеОрг)
– 1 голема главица искршен лук (достапен во БеОрг)
Парчињата лук се кршат со помош на голем плоснат нож и се ставаат во една тегла. Врз лукот се истура медот и подготвената смеса се остава во фридижер за одржување на средна температура 3-5 дена.
По овој период овој традиционален лек се консумира по една дрвена лажичка 30минути пред секој ручек. Препорачуваме лукот да се јаде заедно со медот затоа што периодот на стоење обезбедува губење на мирисот, а притоа во истиот период настанува и зголемување на антиоксидативната моќност на целата смеса заедно.