Батат (Ipomoea batatas) е назив за благ компир. Се работи за повеќе годишен зеленчук со жолта, бела и црвена боја кој потекнува од Средна и Јужна Америка. Содржи големи количества на бета-каротен и витамин Ц, голем е извор на калиум, диетални влакна, витамин Б6 и фолна киселина, малку шеќер и многу скроб, па е затоа добар извор на енергија, посебно за спортистите.
Батат е зеленчук кој из година во година станува се повеќе популарен поради нутритивните карактеристики и добриот вкус. Батат е вистинска ризница на антиоксиданси и витамини, а одличен е и за дијабетичарите. Масовно се одгледува и јаде во Америка, Африка и Азија, а од скоро се повеќе и во Европа. Батат исто како и компирот може да се вари, пече, пржи и потполно може да го замени компирот.
Батат е идеална намирница за личностите кои боледуваат од дијабетес тип 2 затоа што има низок гликемиски индекс. Одлично се согласува со сите видови на месо и риба, а доколку од батат се подготвува пире или се пече во рерна не треба да му се додава сол, бидејќи поради големо количество на минерали е вкусен и без додавање на сол.
Ризница на витамини
Печениот батат со средна големина содржи три пати повеќе витамин А од препорачаните дневни количества, половина препорачани дневни количества на витамин Ц и третина витамин Е. Батат е вреден извор на калиум, диетални влакна, витамин Б6 и фолна киселина, додека останатите нутриенти се присутни во минимални количества. Содржи малку натриум, незнатни количества на маст и не содржи холестерол, а 100 грама печен батат има само 103 калории.
Го подобрува видот
Варењето на пареа е подобро отколку варење во вода, а како би се сочувал вкусот и аромата, треба да се вари 30-40 минути. Исхрана која е богата со батат ефикасно заштитува од најчестите заболувања на модерното човештво: кардиоваскуларни заболувања и канцер, го чува здравјето на очите, го подобрува видот, го зајакнува имунитетот, влијае на добро расположение, го стимулира и смирува централниот нервен систем, штити од Алцахмерова болест и деменција.