Пролетта набргу ќе ни пристигне, а доколку времето не баш најубаво, знаеме дека наскоро ќе биде поубаво и повеќе време ќе поминуваме надвор и ќе бидеме подобро расположени.
Многу овошје и зеленчук
Пролетта е годишно време кога пазарите стануваат шарени од големиот избор на овошје и зеленчук. Кога одите на пазар, можете да се чувствувате подобро поради мирисот на плодовите и нивниот голем избор.
Подолг ден
Во зима имаме помалку витамин Д, нема доволно сонце затоа што е пократок денот. Тоа е една од причините поради кој ни е нарушен имунитетот и ни е загрозено здравјето на коските. Освен тоа, поради намалената сончева светлина, луѓето во главно се депресивно расположени. Меѓутоа со доаѓањето на пролетта, денот е подолг и се чувствуваме позитивно.
Повеќе активности
Исчистете го домот и потрошете ги калориите. Време е за излегување. Со продолжувањето на денот и зголемувањето на температурата, полеко почнуваме да носиме полесна гардероба и се збогуваме со капи, шалови и нараквици. Со позитивната енергија доаѓа и желбата повеќе да се движиме и повеќе време да поминуваме во природа, што автоматски се огледува на подобра физичка состојба. Некои истражувања покажале дека престојувањето во природата го чува здравјето на човекот, помага да се ослободиме од насобраниот стрес и да се намали зголемениот крвен притисок.
Намалувањето на килограмите
Пролетта е идеална да се започне со намалување на килограмите насобрани во текот на зимските месеци. Додека надвор е студено, сите сакаме повеќе време да поминуваме во кујната и да уживаме во храната, а кога ќе дојде пролета можеме повеќе време да поминуваме на отворено и јадењето да го замениме со движење или трчање. Тоа е вистински момент за нова рутина и подобрување на психофизичкото здравје. Пролетната детоксикација
Иако звучи досадно, деталното чистење на Вашиот дом од прашина и нечистотија ја намалува шансата да закачите пролетни вируси. Освен тоа, многу луѓе во пролетта имаат алергија, а прашината во тој случај е најголемиот непријател на секој дом. Со чистењето ќе ги потрошите и дополнителните калории, па немате повеќе ниту едно оправдување зошто не треба да правите големото чистење на домот.
Пролетта е плодна
Некои истражувања покажале дека жени кои одат на вештачкото оплодување во пролет имаат зголемен хормон кој е потребен за успешниот процес. Истражувањата со 1900 пациентки околу 45% испитани жени во пролет имала повеќе успех со вештачкото оплодување отколку во другите годишни времиња.