Најновиот тренд во светските луксузни ресторани и помеѓу иновативните домаќинки е цвеќето да се користи при подготовка на јадењата, но тоа не е новост бидејќи цвеќето во кујната се користело уште во времето на Стариот Рим, а во културата на Кина, Блискиот исток и Индија и денес цвеќето е составен дел од исхраната.
Салатите од цвеќе се вистински тренд. И не само што изгледаат невообичаено и атрактивно, туку имаат посебна арома и се здрави. Консумацијата на цвеќето е традиција која е стара неколку илјада години. Во многу јадења на Блискиот Исток и Персија се користеле латиците на ружа и цвеќе на портокал. Цветовите од цреша и хризантема биле популарни во Јапонија. Латиците од каранфил биле составни состојки на познатиот француски ликер Chartreuse, и неговата рецепта се чувала во тајност. Глуварчето се спомнува во Стариот завет како горчлив зачин.
Цветовите можат да е додаваат во различните јадења или во салатите (свежи, сушени и кандирани), но можат да бидат дел од рецептите за колачи, сосови, шурупи, чаеви и ароматизирани пијалаци. Некои цветни латици имаат својство да испуштаат боја, па при мешањето со путер се добива намаз со оригинална боја.
Пиците можат да се декорираат со детелина, јоргован или љубичици. Со љубичиците може да се декорираат тортите и пудинзите. Секако тука е и шафранот, кој важи за еден од најдобрите зачинските билки. И цвеќето од тиквички е ценето во кулинарството. Најдобро е да се користи веднаш по берењето додека е свежо и се употребува во рок од неколку часа по берењето. Отворените цветови можете да ги наполните со сирење, сланина, зачини и се пржи кратко време. Можат да се подготвуваат со павлака и тестенини, но и да се јадат свежи со домати и моцарела.
Можеби не знаевте дека брокулата е цвет, а зачинот шафран е дел од цветот. Тајната на користењето на цвеќето во кујната е токму во едноставноста. Цветовите сами по себе се или интензивни или со нежни карактеристики, од кои ниту една не поднесува комплицирани јадења. Битно е да се има на ум фактот дека не е секое цвеќе за јадење. Некои цветови се отровни. Такви цвеќиња се нарцисот, олеандерот, багремот,ѓурѓевакот … затоа е многу важно да се распрашате за билката која ќе ви се сервира. Исто така е битно цветот да не е обработуван со пестициди и други хемикалии.
Постојат два видови на цвеќиња: декоративни и лековити. Познато е дека цвеќето позитивно влијае на расположението и на општата емотивна состојба на човекот. Алтернативните доктори сведочат за бројните здравствени придобивки од цвеќето. Цветот ружа и помага на џигерот и цревата подобро да работат. Камилицата го намалува стресот и го засилува имунитетот. Валеријаната ја смирува и олеснува несоницата.
Бидејќи цвеќињата се полни со полен, кај некои луѓе може да дојде до алергиски реакции, па се препорачува отстранување на прашниците и поленот. Постои голем список на цвеќиња кои освен во вазната можат да се најдат во менито за јадење. Тоа е јестивото лале, хризантема, цветовите на јаболко, лимон, портокал, праска, круша, глуварче, хибискус, црвениот слез, јасмин, лаванда, цвет од тиква, гладиола, лјилјанот.
.