За глуварчето (Taraxacum officinale) и неговите лековити особини знаеле уште старите Грци и Арапи и го користеле како би ги смириле болките во стомакот, додека во средниот век ја цеделе белата течност од стебленцето и ја користеле за лекувањето на болестите на очите. Во званичната фармакологија се користи билка додека цути ( од март до мај )а во народната медицина се употребува и цветот.
Глуварчето е извонредно здрава билка и се користи во исхраната на луѓето, но исто така преставува силен билни лек. Тој е богат извор на бета-каротен, витамин Ц, влакна, калиум, железо, цинк и фосфор. Исто така глуварчето содржи протеини и тоа во поголема мера од спанаќот. Уште од старите времиња се користело за лекувањето на анемијата, кожните заболувања и депресија.
Глуварчето делува како нежен лаксатив кој ја подобрува пробавата, го стимулира апетитот и ги урамнотежува природните и корисните бактерии во цревата. Делува како диуретик и им помага на бубрезите во чистењето од токсините и елиминирањето на прекумерната вода и сол. Исто така спречува растењето на бактериите во уринарниот тракт. Истражувањата покажуваат дека глуварчето ја подобрува функцијата на џигерот бидејќи ги отстранува токсините и повторно воспоставува хидратација и нивото на електролити во организмот. Сите делови на глуварчето се извор на антиоксиданси кои го спречуваат оштетувањето на клетките предизвикани од делувањето на слободните радикали. На тој начин доаѓа до забавувањето на процесот на стареењето на клетките. Многубројните истражувања покажале дека глуварчето делува против ракот и тоа така што го забавува растењето на канцерогените клетки и го спречува нивното ширење. Листовите на глуварчето посебно се богати со антиоксиданси и фитонутриенти кои се успешни во војната против ракот. Најновите истражувања покажале дека ова прекрасна билка го намалува и држи под контрола нивото на лошиот (ЛДЛ) холестерол. Глуварчето содржи есенцијалните масни киселини и фитонутриенти кои ги намалуваат воспалителните процеси во целиот организам. Исто така глуварчето ги подобрува функциите на имунолошкиот систем и е делотворен во војната против бактерии и габи.