Тегобите во менопауза жените можат во голема мера да ги смират со користењето на природните препарати. Заговорниците на традиционалната медицина во прв ред ја препорачуваат жалфијата, која уште во старите времиња се користела за смирувањето на брановите на жештина. Жалфијата исто така го намалува ноќното потење како и обилните менструални циклуси.
Ефикасен чај од жалфија се подготвува така што се зема помеѓу 1-4 грама сува билка и се потопува во зовриена вода, потоа чајот се процедува и се пијат три шолји дневно. Доколку се случи жалфијата да предизвика иритација на устата, треба да се пие повеќе вода во текот на денот. Жалфијата може да предизвика намалена апсорпција на калциум и железо, па е пожелно да се направи двочасовна пауза помеѓу две дози.
Кантарионот е втора благотворна билка која поред ноќното потење и несоница ја отстранува депресијата и вознемиреноста. Доколку не е достапна свежа билка може во договор со докторот да се користат суплементи од аптека.
Црвената детелина исто така би требало да се најде на листата на пожелните билки за смирувањето на несаканите симптоми на менопауза. Најновите истражувања покажале дека листовите на црвената детелина содржат фитоестрогени кои се слични на оние кои ги поседува сојата. Се смета дека ова билка би можела да ги спречи заболувањата на кардиоваскуларниот систем и коските, на кои се изложени жените после менопауза. Во договор со докторот, би требало да се консумираат препаратите врз база на црвена детелина од 40 до 86 милиграми дневно.
Маточината е идеална за жените кои се осетливи на стрес. Делува релаксирачки, поради што може да помогне и кај пореметувањето на сонот. Маточината смирува и го подобрува расположението и во ситуациите кога личноста има чувство на потполна безнадежност. Маточината е добра и за подобрувањето на умните способности, што и потврдуваат и истражувањата за незиното позитивно делување на помнењето и концентрацијата. За да чајот од маточина биде повеќе ефикасен во зовриената вода потопете една до две лажици од свежиот чај. Чајот потоа се процедува и се пие една шолја два до три пати дневно, а последната доза еден час пред спиење.