Се смета дека црната ротква потекнува од Египет и Кина. Дури и натписите во пирамидата на Клеопатра зборуваат за начинот на одгледување на ротквата. Од семето на ротквата во древниот Египет се подготвувало билното масло кое имало голема примена во стариот век. Поред Египќаните ротквата ја одгледувале и старите Кинези. Покасно стигнала и во старата Грција, и се знае дека во деновите на празникот кој бил посветен на Аполон биле принесувани три најважни зеленчуци ротква, морков и цвекло.
Уште во старите времиња подготвениот сок од ротква се сметал за лековит. Докторите низ векови се служеле со него за подобро функционирање на цревата, за зајакнување на косата и против кашлицата.
Рецептот кој најчесто го применувале е тој да се внатрешноста на големата ротква издлаби и потоа ја полнеле со мед, па по создавањето на благиот сок им го давале на заболените да го пијат.
Црната и белата ротква не се разликуваат многу,но важно е да се спомене дека можат да предизвикаат тешкотии при варењето на храната, посебно кај осетливите луѓе, па затоа треба да се изрендаат на ситно и да се приготват пред самиот оброк бидејќи при самото седење губат голем број на лековити својства.
Црната ротква како и белата има мала енергетска вредност а од хранливите состојки содржи: протеини, целулоза, масти, јаглените хидрати, минералите (калциум, калиум, фосфор, натриум, железо) во нешто помали количества и бакар, магнезиум, сумпор, флуор, цинк, кобалт, рафанол ( сумпорно масло ), витамини и други корисни состојки.
Црната ротква е ефикасна и кај инфекциите, а најделотворна е кај проблемите на црниот џигер и жолчката.
Сокот од црната ротква го подобрува лачењето на жолчката, ја урамнотежува работата на жолчната кеса и ги топи камчињата.
Доколку сте заболени од бубрезите или имате чир не ги консумирајте овие природни продукти без претходна консултација со доктор.
Шуруп од црна ротква за кашлица кај белодробните заболувања
Измијте ја ротквата, исечете ја на тенки парчиња и ставете ја во стаклен сад. Додадете жолт шеќер и со кујнската крпа прекријте ја чинијата и оставете 24 часа да поседи. Добиениот шуруп добро процедете го и турете го во стаклено шише и добро затворете го. Земајте 4 лажици дневно, се додека не дојде до подобрување на здравствената состојба. За овој рецепт Ви е потребна органски одгледувана црна ротква.
Сок од црна ротква за камен во жолчката
Измијте ја и излупете ја ротквата, ситно изрендајте ја и оставете ја да поседи а потоа исцедете ја. Три пати дневно се пие еднакво количество на сок (1 децилитар дневно), 30 минути пред јадење. Се пие 5 дена, се прави пауза 3 дена па продолжете. За топењето на камења во жолчката треба да се биде упорен и доследен во терапијата.
Црната ротква за зарипнатост
Издлабете поголема црна ротква во средина, внатре ставете комбинацијата од наренданиот рен и 2 лажици мед. Земајте дневно по 1 лажица до излекувањето.