Со оглед на тоа што помага за лекување менструални тегоби и болести на матката и на јајниците, според тврдењата не само на современите туку и на древните тревари, оваа билка би требало секоја жена да ја има при рака.
Среднивековните алхемичари ги собирале капките од дпждовницата што се задржале во средината на листот на росникот затоа што верувале дека таа поседува разни магиски и натприродни својства. Латинскиот назив на оваа билка , Alchemilla vulgaris, води потекло од арапскиот збор alkimiya, што значи лек за сите болести.
Во народната медицина таа е позната и под други имиња: вркута, ситна росница, моминска наметка, арсланска шапа, бисерок … Оваа повеќегодишна билка му припаѓа на семејството рози и има над 300 сродници низ светот. Расте на шумските стрмнини, особено во планинските предели, а може да се пронајде и покрај пат, на падни и на влажни ливади. Подземното стебло на росникот е разгрането, а надземниот дел на билката може да достигне висина до 40 сантиметри. Листовите се наизменични и крупни на дршките, во целина се тркалезни и изделени на 7-11 плитки резени, кои по работ се запчести и обраснати со влакненца. Цветовите имаат жолто зелена боја, а болката цвета од мај до август. во фитотерапијата се користат надземнните делови на билката во цвет, а поретко само листовите поради што имаат горчлив и комињав вкус. Росникот содржи танин, гликозиди, флавоноиди, елагна киселина и етерични масла, кои благотворно делуваат на организмот и го ублажуваат воспалението на кожата и на слузокожата.
Рецепти:
- Ги ублажува менструалните тегоби
Се мешаат по 50г росник и лист од малина, со 25г маточина маточина, па лажица од мешавината се прелева со 2 дл зовриена вода и се остава поклопено да отстои еден час, а потоа се цеди. Се пијат 2-3 шолји свежо приготвен чај дневно.
- Ја регулира телесната тежина
Се подготвува во вид на чај.
- Цисти на јајници
Се мешаат еднакви делови росник, невен и ајдучка трева, па три лажици од мешавината се прелеваат со литар зовриена вода и се остава да отстои половина час, а потоа се цеди. Се пијат по три шолји чај дневно, 40 дена.
- За плодност
Се мешаат еднакви количества росник и горчица, па лажиче од мешавината се прелева со 2 дл зовриена вода и се остава поклопено да отстои половина час. Се цеди и се пијат 2-3 шолји чај дневно, три месеци, со паузи за време на менструација.
- По породување
Се прелева чајно лажиче росник со 2 дл зовриена вода и се остава да отстои 20 минути. Се цеди и се пие во голтки, 2-3 шолји чај дневно, најмалку десет дена по породувањето.
- Вино за поттикнување на апетитот
Во 100мл загреано вино се додава дланка свежо набрани цветови росник и се остава поклопено додека се излади. Се пие по чашичка пред секој оброк.
- Против пролив
Се мешаат по 25 г росник, семе од дуња, ива – трева, камилица и мајчина душица, па 3 лажици од мешавината се прелеваат со половина литар зовриена вода, се остава да отстои преку ноќ. Наутро се цеди и се пие во голтки.
- Бања за трудници
Се потопуваат 200 г росник во ладна вода и се остава да отстои преку ноќ, а наутро се загрева, па се цеди и се додава во бањата.
- Кожни тегоби
Се мие и се цеди грст свеж росник, а потос се гмечи со сукало и се става на болното место. Се препорачува во случај на изгореници, убод или иритација на кожата.
- Тинктура
Се сипуваат 200 г росник во стаклена тегла и се прелеваат со комова ракија или 60 % алкохол, па се остава на топло или сончево место да отстои 3 недели, со повремено протресување. Во случај на внатрешно крварење се пијат 10-15 капки растворени во шолја вода, два пати дневно.