Хумусот веќе некое време е присутен на нашето поднебје и го обожуваат сите поборници на здрава храна. Освен што е хранлив и вкусен, овој намаз е идеален како меѓу оброк, можете да го намачкате на печиво или двопек и да уживате во вкусната ужина или утринскиот појадок.
На сите оние кои го сакаат брзиот оброк, ужина за на работа или вкусен утрински појадок им предлагаме одличен рецепт за намаз каде што главните состојки се леблебиите и сусамот.
Леблебијата е богата со магнезиум, кој во исхраната на современиот човек е посебно важен. Истражувањата покажале дека голем број на луѓе кои патат од хипертензија имаат недостиг на магнезиум во организмот. Магнезиумот е потребен за пренесување на нервните импулси и регулирање на концентрацијата, односно опуштање на мускулите. Тоа значи дека нервите, кои го контролираат работењето на срцевиот мускул, можат оптимално да работат само доколку имаат доволно магнезиум во организмот. На мускулните влакна им е потребен магнезиум како би можеле да се соберат. Сусамот е богат со протеини, калциум, железо, фосфор и витамини од Б групата. Ги содржи сите аминокиселини, од кои најмногу метонин, силен антиоксиданс кој е важен за функционирањето на црниот џигер.
За подготовка на хумус ќе Ви биде потребно:
2 лажици сусам, 100 милилитри вода каде што се имаат варено леблебиите, 200 грама варени леблебии, 2-3 лажици сок од лимон, 2 чешниња лук, 50 милилитри маслиново масло, 1 лажица сечкан магдонос, половина лажица мелена црна пипер.
Подготовка: Испечете го сусамот во тавче без масло па половината од сусамот сомелете го во електрична машина за мелење а останатиот сусам оставете го. Во водата каде што се леблебиите, додадете малку сол, варете ги па оставете да се оладат. Леблебиите измешајте ги со водата, сокот од лимонот, додадете го лукот па сето ова миксирајте во блендер како би се добила глатка смеса. Додадете го маслиновото масло, магдоносот, црната пипер и мелениот сусам. Намазот ставете го во стаклен сад со капак па ставете го во фрижидер да се олади. Добиениот намаз мачкајте го на леб или на омилените солени кекси. Добар апетит!