Одамна е познато дека нашето здравје зависи од нашиот имунитет. Иако е условен од генетиката, влијанието на животната средина врз имунитетот, како и начинот на исхраната не се занемарливи. Факторите на ризикот кои го загрозуваат имуниот систем се никотинот, алкохолот (повеќе од 2 чаши вино дневно), постојаниот стрес, претерувањето во спортот, лошата исхрана која подразбира производи од белото брашно, конзервирана храна и готови јадења.
Преголемо количество на маснотии исто така го ослабуваат имунитетот. Масните киселини од типот омега 6 кои ги има во пченкарното и сончогледовото масло го запираат создавањето на лимфоцитите и силата на имунолошкиот одговор. Лесно оксидираат и создаваат многу слободни радикали. Наспроти нив, нерафинираните масла, како и рибиното масло (извор се масните морски риби׃ туна, скуша, сардини и лосос) кои содржат масни киселини омега 3 го зајакнуваат имунитетот.
На имунитетот лошо влијаат и големите количества на шеќер, како и напорната брза диета или долгорочните редуктивни програми на исхраната. Изедначената и балансираната исхрана е важна за зачувувањето на одбранбените сили на организмот, а овие пет намирници треба задолжително да ги воведете во исхраната.
- Брокули – Поради незиниот единствен вкус и високата хранлива вредност, брокулата е воведена во листата на најпопуларниот зеленчук. Правилната подготовка е клучот за најдобар вкус и незината прехрамбена вредност. Најдобрата брокула е она која има цврсто затворени цветови со темнозелена или со виолетова боја. Стебленцата мораат да бидат цврсти, а листовите не смеат да бидат свенати.
Броколата ќе остани свежа до 10 дена доколку правилно ја чувате. Ставете ги брокулите во пластична кеса и цврсто смотајте ги во кесата и истиснете го воздухот. Пред да ги ставете во фрижидер, не ги мијте со вода затоа што на тој начин ќе го забрзате процесот на пропаѓање. Најздравиот начин на подготовка на брокулите е здравото варење на пареа на само 5 минути. Доколку на вака подготвените брокули им додадете лажица сув домат кој претходно бил во маслото, 3 лажици издробена фета сирење и 6 маслинки – ќе добиете вкусен оброк. Вкусно јадење ќе добиете и ако бркулите ги варете на пареа со црвен кромид и додадете уште сечкани маслинки.
- Јатките – Не само што јатките обилуваат со витамини и минерали туку и содржат и незаситени масти, есенцијални омега 3 масни киселини и фитостероли кои на чуден начин го подобруваат здравјето.Најдобро ќе го искористите ова овошје доколку го јадете во комбинација со намирници кои содржат малку заситени масти и холестерол, и со оние кои содржат малку калории.
Јатките одлично не заситуваат и затоа јадете ги помеѓу оброците, наросете ја салатата со нив или додадете ги во житарките. Доколку подготвувате фрапе, додадете малку путер од јатки или семки.Препораката на водечките светски здравствени организации гласи׃ јатките и семките (43 грама) треба да се јадат барем 5 пати неделно. Совети за нивното консумирање׃ во житарките додадете исечени индиски оревчиња, врз салатата или брокулите наросете со ореви, семките од сончоглед или тиква можете да ги јадете во било кое време на денот.
- Лук –Незаменлив во готово сите светски кујни, богат извор на витамини и минерали. Лукот е единствена намирница за зачувување на здравјето и збогатување на вкусот на јадењето.Највкусен е лукот со тркалезна форма. Свежиот лук е цврст на допир, без знакови на влажност. Рокот на траењето му е околу месец дена.
Се препорачува да го чувате во делумно поклопен сад во ладно и темно место. Никогаш не го држите во фрижидер затоа што влажноста ќе предизвика побрзо да се расипи. Лукот не би требало да се пржи на масло затоа што високите температури можат да создадат штетни слободни радикали. И запомнете, лукот ќе ги изгуби своите лековити својства доколку подолго време се вари или пржи.
- Лимон – Лимонот бил многу ценет за време на калифорниска златна грозница поради неговата способност во спречување на скорбут ( болест која настанува поради недостигот од овој витамин во исхраната), па луѓето биле спремни да платат и поголема сума на пари. Дури во 1932. година откриен е витаминот Ц, и научниците окриле дека е токму тој заслужен за заштита од таа болест.
Најквалитетен лимон е оној кој е сосема зрел – тежок за својата големина и има мазна и тенка кора. Треба да биде сосема жолт, без зелени делови на кората. Свежиот лимон е повеќе сочен кога се држи во собната температура и трае 5 дена подолго доколку да се држи во фрижидер. Доколку спанаќот или некој друг зеленчук кое е богато со железо ќе го испрскате со сок од ломон, витаминот Ц од сокот ќе ја зголеми апсорпцијата на железото.
- Празот – Како да препознаете највкусен праз? Ќе го познаете по тоа доколку има темнозелени листови и долг бел врат. Избегнувајте го жолтиот и свенатиот праз или оној со пукната или згмечена глава. Пред да го ставите во фрижидер ставете го во пластична кеса. Празот е најздрав ако се пржи отприлика седум минути.