Дуњата е преполна со витамини и минерали, додека семките содржат дури 15% масло и големи количества на важната состојка амигдалин, односно витаминот Б17.
Дуњата потекнува од југозападна Азија, односно од Иран и Анадолија, а самоникла се јавува во средната Европа под име ″сидонијска круша″. Има златно жолта боја, тврд плод со горчливо кисел вкус. Грците ја обожавале и кај нив симболизирала љубов и среќа, а најчесто ја подготвувале така што би ја издлабиле внатрешноста, па потоа би ја наполнеле со мед и ја печеле. Инаку во старите времиња дуњата се сметала за симбол на плодност. Обичај бил младенците пред венчавката да изедат дуња како бракот би им бил плоден и среќен. Римјаните пак од дуњата извлекувале етерично масло за производство на парфеми. Французите со векови прават сирење од дуња, така што се вари до цврстина за да може да се сечи со ножот.
За оние кои не знаат, дуњата преставува вистинска витаминска бомба. Освен минималната количина на калории и маснотии, богата е со протеини, јаглени хидрати, диетални влакна, а содржи и танински материи и пектини. Од витамините најмногу има витамин Ц, но и каротен (провитамин А), витамин Б1 и Б2, како и нијацин. Од минералите најмногу е застапен бакарот, калиумот, магнезиумот, натриумот, железото, сумпорот, хлорот.
Во составот на дуњата има и пектини, што поред фантастичната арома ја прави да биде фантастично овошје за мармелад, затоа што и даваа компонента на желатин.
Впрочем, зборот мармелад и потекнува од португалскиот назив за дуња – мармело. Списокот на витамини и минерали не е бескраен, но она што дуњата Ви дава трае знатно подолго од другото овошје.
Семките од дуњата содржат дури 15% масло и значајни количини на важната состојка амигдалин, односно витамин Б17, кој поседува анти канцерогено делување. Семките се богати и со масти, танини, пектини, шеќери, јаболкова киселина, емулзин и протид.
Дуњите се сметаат за извонредно лековити овошје. Лековит е плодот, листовите и семето. Од плодот посебно сокот и шурупот. Благодарение на танините и слузта, поволно делува на работата на цревата и ги спречува инфективните болести. Сокот од дуњата, сварен со исто количество на шеќер, ја лекува кашлицата, астмата и акутната дијареја. Печена или варена дуњата се препорачува кај воспаление на желудникот, а и за лекување на анемијата. Чајот од цветовите на дуњата помагаат да се смири кашлицата. Чај од семките на дуњата делуваат смирувачки, ја отстранува несоницата, како и лошиот здив од устата.
Ако дојдете до дуњата, на ја заобиколувајте. Баш е онаква како што изгледа – ненаметлива според надворешноста, со својата миризба ги движи добрите емоции, а со својата суштина му дава на организмот значајна поткрепа.