Компир, морков, корен од магдонос и корен од целер излупете ги и исечете ги на коцки па сварете ги посебно, оставете ги да се оладат, па сите овие состојки измешајте ги.
Не е една од полесните салати кои можете да ги направите, но секако дека е една од повкусните.
Состојки:
- 4 компири
- 3 моркови
- 2 корена од магдонос
- 1 корен од целер
- ½ килограми грашок
- 4 поголеми кисели краставици
- 1 поголемо кисело јаболко
- 3 децилитри мајонез
- 1 мала лажица сенф
- ½ децилитри кисела павлака
- Сол
Подготовка:
Компирите, морковот, коренот од магдонос и коренот од целер излупете ги, исечете ги на коцки и сварете ги посебно, оставете ги да се оладат, па се измешајте. Додадете го грашокот кој претходно го имате сварено (може и оној од конзерва), краставиците и излупеното јаболко кои го имате исечено на коцки. Измешајте. Мајонезот измешајте го со сенфот, па додадете го, па потоа додадете ја и павлаката. Посолете по вкус. Добро измешајте и служите ја салатата украсена со мајонез и со тврдо сварени јајца.