Волшебната состојка на традиционалната трпеза, верниот придружник на секоја веселба, домашниот ајвар секое јадење за миг го претвора во вистинска гозба. Во раната есен, кога природата е преполна со зрелото овошје и зеленчук, во пазарите се простираат црвените теписи од сочната и миризлива пиперка.
И без малку претерување, скоро секое домаќинство ги чека црвените пиперки од пазарот бидејќи за ајвар се бараат самo најквалитетните. Но целата процедура е голема додека на полиците во визбите не се наредат црвено – портокалови тегли од омилениот намаз. За да се добие овој вкусен и мал деликатес, потребно е многу време и вешти раце на домаќинката. А самата подготовка на ајварот создава посебна атмосфера, бидејќи се пристапува некако свечено.
Се почнува со печењето на пиперките. Се брише прашината од стариот шпорет на дрва кој одмарал од пролетта до сега, бидејќи пиперката е сепак најубава кога се печат на шпоретот, па од секој двор, улица или блиската градина се шири миризбата на печените пиперки.
Но, тука се завршува оној забавниот дел на подготовката на ајварот, и она што понатаму следи бара вистинска посветеност. Кога печените пиперките малку ќе поседат, треба да се излупат, да се измијат и исцедат а потоа да се сомелат. Така сомелената смеса од црвените пиперки се пржат на тивкиот оган уз додаток на масло и сол. Потоа се полнат теглите, кои малку се загреваат во топлата рерна како ајварот би можел подолго да седи затворен на ладното место.
Така теглите се редат една до друга, а на домаќинките им се чини дека никогаш не е доволно, бидејќи и самата помисла на зимата без ајвар предизвикува грижа во секоја од нив. Нашиот народ вели: ″Здравјето на уста влегува″. А дали има нешто поубаво и подобро од теглата полна со црвеното богатство. Ова вистинска витаминска бомба го чува нашето здравје и виталност.
Тешко е да се каже што е во суштина ајварот, се мисли дека е вид на салата, прилог, додаток во јадењата, намаз … За зборот ајвар нема превод, ниту е потребен затоа што ние знаеме што е добро и што треба задолжително да се проба, а на таа листа секако се наоѓа и автентичниот производ кои веќе со векови се подготвува тука на Балканот по стариот добар и проверен рецепт.
Основната подготовка е секаде иста, а секој го прави по своја желба и вкус, па така да ајварот може да биде поблаг, малку лут или повеќе лут. Доколку е лут и направен од лутите пиперки тоа е веќе лутеница. Поред ајварот и лутеницата тука е и пинџурот, кој се подготвува слично само што наместо пиперки се користи синиот патлиџан, па му се додава лутата пиперка, лук и многу зачини.
Ајварот се јаде во текот на целата година, но во зима најмногу одговара. Се согласува со сите солени јадења, посебно со оние традиционалните деликатеси: пити, гибаници, проја, пршута, печеното месо и скара, а нема подобра придружба од парче квалитетно сирење и добро вино.