Помага кај депресијата, грчевите во стомакот, згрутчувањето на крвта, болестите на бубрезите, џигерот, слезината, бешиката …
Поради извонредното делување на кантарионот (Hypericum perforatum), многу е ценет , а лековитите својства познати се повеќе од два милениуми.
Парацелзиус, таткото на фармацијата, ја величал неговата моќ, зборувајќи дека ″цветот во текот на летото ги собира сончевите зраци, за да на луѓето им даде светлина во тмурните месеци″. Од ова билка се прави тоник, чај, тинктури, а во современата понуда на препаратите се наоѓа во вид на капсули, кои позитивно влијаат на расположението и подобрување на емоционалната рамнотежа.
Цути од мај до септември, а најлековит е кога се бере во средината на јули. Расте на сувите ридови, сончевите ливади, во пустото и необработено земјиште, рабовите на шумите. Драгоцените состојки се наоѓаат во цветовите и листовите и помагаат кај проблемите со белите дробови, бубрезите, џигерот, слезина, бешика, кај грчевите во стомакот и желудникот, згрутчување на крвта. Билката е посебно делотворна во лекувањето на неконтролирано мокрење. Во народната медицина се користи за гребнатини, изгореници, хемороиди, затоа што го забрзува зараснувањето на раните. Кај промените на кожата, проблематичното место се покрива со чиста газа или платно кое е натопено со масло од кантарион. Маслото делотворно делува за зајакнување на косата, како и за закрепнување на влакното кое е оштетено при бојадисувањето. Ефектот е најдобар доколку неколку пати, во половина час пред миењето, ја намачкате косата со масло.
Кантарионот содржи танини, етерски масла, смоли, антоцијани, црвена боја хиперцин, каротин и флавоноиден хетерозид, кој дава карактеристична жолта боја. Има и холин, витамин Ц и траги од алкалоиди. Етерското масло мириса на црногорични масла бидејќи се состои од кадинен и други сесквитерпени, а делува против црвените паразити, додека фенолските единенија имаат антибактериска моќ.
Кантарионот најчесто се употребува како природен антидепресив, се покажал како успешен во лекувањето на бројните психички заболувања, дури и трауми. Во Германија официјално е одобрен кај полесните облици на депресија и се издава исклучиво со докторски рецепт затоа што препаратите врз база на оваа билка имаат бројни интеракции со други лекарства. Неговото лековито делување ја признала и Светската здравствена организација.
Чајот се подготвува така што во 2 децилитри зовриена вода се додава лажица кантарион, чајот се трга од ринглата и се остава поклопен 10-15 минути. Се пие три пати дневно кај гастритис, чирот на желудникот, пролив, жолтица, бубрежни и менструални болки.
Маслото се прави на два начини, првиот така што во шишето од две литри се става еднаква количина на листови и цветови, но да остане 8 сантиметри празно до врвот. Потоа се додава и стеблото, па до врвот се налева домашно маслиново масло. Шишето се затвора со чеп од плута и се чува на сонцето година дена. Втората постапка е побрза, добро се загрева шишето од еден литар, но водете сметка да не пукни. Во неа се додава истото количество на цветови и листови (да остане 8 сантиметри празно до врвот) и додадете го природното маслиново масло загреано на температурата од 60 до 70 степени. Се затвора со чеп и остава да поседи 10 дена, а од тоа е важно да најмалку два дена биде на сонцето.
Билките за ″женски болести″
Во народната, но и во официјалната медицина, кантарионот, жалфијата, камилицата и ајдучката трева се користат кај гинеколошките проблеми. Вагиналетите со екстракт од цветовите од овие билки и коренот од свежиот морков (се купува во аптека) помагаат во обновувањето на слузокожата на грлото на матката и вагината, ги отстранува последиците од белото перење кое е проследено со чешање, болка и печење.