Освен што му одговара на телото, уз море и сонце, пливањето овозможува посебно чувство на релаксација и слобода.
Пливањето на многу луѓе им е омилена летна активност. Рекреативното пливање по правило се поврзува со чувство на задоволство. Доколку со текот на годините го занемаривте вежбањето, нека овој вид на рекреација биде Ваш почеток на вложување во физичкото здравје.
Движењето во водата и пливањето им е интересно посебно на децата. Бидејќи немаме контакт со подлогата во текот на пливањето се чувствуваме повеќе слободно во изведувањето на движењата.
Пливањето во главно се доведува во врска со сонцето и морето, а во таа комбинација и кон вежбањето е развиен позитивен став. Исто така, пливањето го поврзуваме со wellness содржини, затоа што со него се занимаваме во базените. Релаксирањето во викендите и хидро масажата добро го камуфлираат тренингот кој го обработуваме во текот на пливањето. Најверојатно тоа и причина за наклонетоста кон пливањето дури кај личностите кои не го преферираат телесното вежбање. Јасно е дека ова телесна активност може да го намали нивото на стресот, а тоа е во главно причината зошто ни одговара и зошто пливањето го избираме како летна рекреативна содржина.
Како пливањето влијае на телото и кои мускули ги развива?
Здравите личности со помош на пливањето можат да одработаат квалитетен тренинг, дури и кога се на одмор. Пливајќи ја движиме мускулатурата на целото тело. Независно од тоа која техника на пливање ја користиме, не можеме да изоставиме работата ма мускулите на горните и долните екстремитети и мускулатурата на трупот како успешно би се одржувале на површината и движеле во водата. Не треба во тренингот да вклучуваме цел низ на вежби за зацврстување на телото затоа што со пливањето веднаш ги ангажираме сите мускули. Овој податок пливањето го прави да биде корисна активност за личностите кои немаат трпение, а ни желба да ги користат справите во теретана или на одмор немаат фитнес центар каде што би можеле да вежбаат. Само неколку пати препливани должини на базенот доволно е да се почувствува промена на мускулната напнатост и подобрување на циркулацијата на телото.
Личностите кои добро ги совладале техниките на пливањето и успеале без мака да препливаат неколку стотини метри, пливањето го претвораат во аеробен тренинг. Така со мала летна забава можат да истрошат насобраното поткожно масно ткиво. Значи, личности кои немаат здравствени проблеми, со редовното пливање можат да го зацврстат телото, да ослабат и да постигнат добра кондиција.
Рехабилитација со пливањето
Личностите кои имаат повреди на локомоторниот апарат или болки во рбетот и зглобовите, се бават со пливање како дел од процес на рехабилитација. Во водата телото може да се опушти, па зглобовите стануваат повеќе подвижни. Исто така во водата нема притисок на зглобовите кои настануваат во контактот со подлогата, како што е тоа случај кога се изведуваат вежбите на суво.Со пливањето и вежбите во водата можете да го подобрите опсегот на движењата во зглобовите, исто така може во функција да се стави мускулатурата која делумно е атрофирана, а не постои опасност од повреди како при вежбањето надвор од водата. Со стручното водење, пливањето станува одличен стимуланс во рехабилитацијата за локомоторниот апарат кој е погоден со повреди и болки.
На што треба да внимавате?
Како и при секоја спортска активност и во текот на пливањето посебно внимание треба да се посвети кон техниката на изведување. Без оглед со која техника се служите (краул, градно, грбно, делфин), пливачките техники би требало да бидат на висок ниво. Со добра пливачка техника во работа се вклучуваат само оние мускули кои во одреден момент се потребни за изведувањето на движењата па се намалува трошењето на енергија. Така доаѓаме до фаза кога пливаме со леснотија, не остануваме на сред базенот без кислород и енергија за продолжување и почнуваме да уживаме во пливањето. Вештите пливачи кои ги контролираат движењата, дишењето, трошењето на енергијата и брзината на пливањето, пливајќи можат да направат сериозен тренинг и да одржуваат добра кондиција.
Лошата пливачка техника не ограничува затоа што пливањето преставува голем напор. Би можеле да го споредиме со лошата техника на трчање. Како што после лошото трчање не болат колената па се откажуваме од таа активност, така и со лошото пливање трошиме премногу енергија и брзо почнуваме да пропаѓаме во водата.
Со погрешното изведување на движењата лесно настануваат повредите на локомоторниот апарат. Па затоа во текот на сите спортски и рекреативни активности треба да се придржуваме до законитостите во изведувањето на движењата. Не сакаме повредите да не оневозможат во тренирањето. Повредите на локомоторниот апарат бараат подолго време на регенерација, а не е ни реткост повредата да се повтори и по оправувањето, баш на истото место. Најлошо е што повредата која настанала во текот на вежбањето оневозможува изведување на секојдневните активности и личноста не е способна за работа. Оние кои го сакаат движењето и редовното вежбање би сакале да бидат што е можно подолго активни. Со правилното изведување на вежбите се продолжува векот во кој можат успешно да се практикуваат рекреативните активности.