Нормален крвен притисок е 120 со 80, но луѓето се разликуваат, па на некој нормалниот крвен притисок може да биде и нешто повисок или понизок. Малите разлики во однос на идеален крвен притисок, можат да се толерираат, и тоа тогаш не може да биде заболување.
Крвниот притисок може да варира во зависност од тоа кој е периодот на денот, при настапувањето на метеоролошките промени на времето, во зависност од тоа што јадеме и што пиеме, па и од старосната доба и итн. Тоа е се нормално во одредени граници. Сепак, крвниот притисок треба редовно да се контролира, посебно кога се во прашање повозрасни лица и личности во средни години или доколку се појават некои карактеристични симптоми. Пожелно е секој да има во свој дом апарат за мерење на притисок.
Висок крвен притисок
Високиот крвен притисок или хипертензија е болест на современото време, а настанува во главно како резултат на консумирање на неквалитетна и нездрава исхрана, стресни животни ситуации и генетска предиспозиција. Игнорирањето и не лекувањето може да доведе и до најлоши последици, како што се срцевиот или мозочниот удар. Во нашето поднебје тоа се најчести причини за смрт.
Симптомите на високиот крвен притисок
За жал некои луѓе не се ни свесни дека имаат висок крвен притисок, се додека не го мерат, затоа што понекогаш не чувствуваат симптоми или тие луѓе се навикнати на состојбата во која се наоѓаат. Кога ќе се појават симптомите на високиот крвен притисок, тоа се обично главоболки, вртоглавици, мачнини, повраќање, заматен вид, болки во градите, неможност да се дојде до здивот …
Исхрана кај високиот крвен притисок
Доколку притисокот е константно 140 со 90, тоа е веќе причина да смените нешто во Вашата исхрана. Прво што треба да направите е да ја намалите употребата на солта во исхраната. Некои луѓе премногу ја солат храната, иако не се свесни за тоа, а тоа во долг временски период никако не е добро. Солта треба да се користи, но во мали количини.
Во природата постојат многу билки кои можат да Ви помогнат. Како народен лек за висок притисок е лукот. И научно е докажано дека лукот го намалува крвниот притисок, но многу луѓе избегнуваат да го консумираат поради непријатниот мирис.
Помалку познат, а исто така ефикасен е целерот. Се смета дека целерот е посебно делотворен кај намалувањето на високиот крвен притисок, кој е резултат на стресот. Целерот е исто така добар за регулирање на холестеролот. Треба да се користи повеќе во салати, чорби или како сок од целер.
Во некои случаеви се препорачува слабеење, затоа што зголемената телесна тежина може да биде една од причините за висок притисок. Некој вид на диета за намалување на високиот крвен притисок ќе биде од корист. Утврдено е дека луѓето кои не јадат месо имаат понизок притисок. Вегетаријанците се хранат претежно со овошје, зеленчук и житарки, па тука треба да го барате спасот. Не мора сите да станат вегетаријанци, но ете ја причината да размислиме, за намалувањето на количеството на месото во исхраната.
Не заборавајте дека црното вино и кафето го зголемуваат крвниот притисок. Според некои истражувања за намалувањето на притисокот корисни се витаминот Ц, калциум и калиум. Квалитетно маслиново масло и морската риба се препорачуваат во исхраната. Од лековитите билки глогот е добар за срцето и за регулирање на крвниот притисок.
Низок крвен притисок
Низок крвен притисок или хипотензија е здравствен проблем кои не е занемарлив, но секако дека не е толку опасен како високиот крвен притисок. Проблемот се јавува поради намалениот доток на крвта, па така потребните количества на кислород не доаѓаат таму каде што е неопходно. Луѓето се проѕеваат кога организмот го почувствува недостигот на кислород.
Причините зошто некој има низок крвен притисок се различни и не потполно разјаснети. Некои стручњаци тврдат дека тоа е наследно и дека почесто се јавува кај слабите луѓе. Жените почесто се соочени со хипотензија, отколку мажите. Се смета дека дехидратација на организмот, прекумерно држење на диета, како и одредени заболувања можат да бидат причини.
Симптомите на низок крвен притисок
Слично како и кај високиот притисок симптомот може да биде вртоглавица. Освен тоа симптоми се умор, поспаност, проѕевање, малаксалост, безволност, тешкото будење, недостиг на енергија, лоша концентрација итн. Во таквите ситуации човекот навистина тешко функционира.
Како да го зголемите притисокот?
Доколку притисокот Ви е во моментот многу низок обидете се да разматете малку сол во чаша со вода и испијте. Тоа би требало да Ви помогне, но тоа е краткотрајно решение на Вашите маки. Не се препорачува да претерувате со солената храна бидејќи тоа не е добро од повеќе причини.
На некој му помага да испие шолја кафе или зелен чај, што е сосема добро решение. Сепак претерување со овие напивки може да му штетат на организмот.
Од лековитите билки треба да се консумира рузмаринот. Во народната медицина тоа е лек за циркулација и низок притисок.
Водете сметка за тоа колку вода внесувате во организмот. Тоа може да биде една од причините за низок притисок. Секој човек во текот на денот би требало да испие 2 литри течности, а доколку се бави со спорт или со физичка работа и повеќе од тоа. На прво место треба да се пие вода, а потоа и зелен чај, чај од рузмарин.