Различни варијанти со тестото донесоа различни видови на печива кои можат да Ви бидат замена за ручек доколку немате доволно време за подготвување на некоја друга храна. На пример обидете се да направите пирошки кои се филувани со кашкавал, шунка и павлака.
Потребно е:
- ½ коцка квасец
- 1 децилитар млако млеко
- Лажица шеќер
- ½ децилитри масло
- 1 килограм наменско брашно
- 1 јајце
- 30 грама сол
- 3 децилитри кисела вода
Фил:
- 200 грама шунка 200 g
- 400 грама кисела павлака
- 400 грама кашкавал
- 200 грама бело старо сирење
- 200 грама кечап
- Сенф
- Оригано или босилек
Подготовка:
Стопете го квасецот во млекото и додадете лажица шеќер. На работната површина ставете брашно и сол, и направете вдлабнатинаво брашното и внатре додадете млеко со квасец, малку измешајте, па искршете го јајцето, додадете масло и кисела вода. Замесете глатко тесто, ни меко ни тврдо, отприлика како за леб. Измесеното тесто ставете го во поголема пластична кеса која е подмачкана со масло од внатрешна страна и оставете го на собна температура додека не постигне трипати поголем волумен.
Тогаш тестото поделете го на осум делови, измесете го уште еднаш секој дел и развлечете ги во димензија 15×25 сантиметри во облик на круг. Во средината ставете два листа шунка, на шунката додадете павлака, потоа додадете рендан кашкавал и бело сирење, додадете кечап, сенф, рен и зачини по желба. Преклопете го тестото по долгата страна, потоа спој те ги краевите и преклопете го тестото и од друга страна. Со лесно стегање спој те го тестото, затворете ја пирошката, па преку пирошката изрендајте кашкавал и ставете малку кечап. Печете на 200 степени околу 15 минути.