Овој јаткасти плод е вистински извор на здравјето. Иако во 100 грама фстаци има дури 540 калории, фстаците се одличен избор за здрава и добра линија, но и за многу повеќе од тоа. Запознајте ги осумте супер моќни својства на овој зелен плод кој секогаш е полу сокриен во лушпата!
За здраво срце
Докажано е дека фстакот го намалува нивото на лошиот холестерол, а го зголемува нивото на добриот, и тоа само по краткиот период на умерената консумација. Полн е со антиоксиданси, како што се витамините А и Е, кои се борат против воспаленијата, ги штитат крвните жили и го намалуваат ризикот од срцевите заболувања. Дури и со нивната консумација се зголемува нивото на лутеин, моќен антиоксиданс, кој штити од лошиот холестерол и така го штити здравјето на најважниот орган во телото – срцето!
Го регулира шеќерот во крвта
Јадејќи ги фстаците се намалуваат шансите за настанување на дијабетес тип 2. Во една шолја фстаци се наоѓа дури 60% препорачани дневни дози на фосфор. Освен што овој минерал ги крши протеините во амино киселини, фосфорот ја подобрува толеранцијата на гликозата.
За здрава крв
Фстаците се одличен извор на витамин Б. Овој витамин е есенцијален за производството на хемоглобин, протеин кој е одговорен за пренесување на оксигенот низ крвотокот до клетките, но кои исто така го зголемуваат нивото на оксигенот кој го пренесува.
Добар за нервниот систем
Витаминот Б6 кој се наоѓа во овие ореви има позитивно делување на нашиот нервни систем. Познат е и како витамин на нервите. Витаминот Б6 овозможува создавање на неколку неуротрансмитери, кои ја пренесуваат пораката во нервниот систем. Исто така е потребен за усвојување на витаминот Б12 како и за создавање на црвените крвни клетки.
За здрави очи
Фстаците содржат два каротеноиди кои тешко можеме да ги најдеме во останатите ореви. Се работи за лутеин и зеаксантин, антиоксиданси кои ги заштитуваат очите и видот и го намалуваат ризикот од дегенерација на окото и спречуваат развивање катаракта.
За здрав имунитет
Здравиот имунолошки систем бара адекватна доза на витамин Б6, кој во фстаците го има многу. Витаминот Б6 (пиридоксин) е еден од осумте Б витамини кои на телото му помагаат да ја претвори храната во енергија. Дефицитот на витаминот Б6 е редок и се манифестира како слабост во мускулите, нервоза, депресија, слаба концентрација и губење на краткорочното помнење. Фстаците се исто така одличен извор на влакна, а во 100 грама се наоѓа 10.3 грама диетални влакна кои се пресудни во забрзувањето на метаболизмот и кој го спречува ракот на цревата.
За здрава кожа
Фстаците се добар извор на витамин Е, моќен антиоксиданс кој ја заштитува кожата од штетните УВ зрачења, есенцијален за здравјето на мембраните на клетките и често се препорачува за здрава и убава кожа. Фстаците се рекордери помеѓу јаткастите плодови бидејќи содржат големо количество на антиоскиданси кои се клучни за обновување на клетките на телото и затоа се наречени природни ботокси. Пет до десет фстаци дневно се препорачуваат во борбата против брчките.
Штити од рак
Витаминот Е штити од одредени видови на рак, а фстаците обилуваат со гама – токоферол ( видот на витамин Е) кој може да го намали ризикот од развивање на ракот на белите дробови дури за 30%. 68 грама фстаци дневно е извонредна превентива од малигните заболувања. А со оглед на тоа дека се одличен извор на влакна, пресудни се во забрзувањето на метаболизмот и така ги намалуваат шансите за настанување на ракот на дебелото црево.