Дијабетес е хронично заболување кое настанува поради недостигот на инсулин во организмот. Како последица од ова заболување се јавува пореметување на метаболизмот на гликоза, протеините и мастите. Најчести симптоми на дијабетес се сувата уста, општата слабост на организмот, брзото заморување и намалување на телесната тежина.
Поред тоа што глуварчето е корисен природен лек за заболувања на џигерот и жолчката, ова лековита билка е добро природно средство за регулирање на нивото на шеќерот во крвта. За лекувањето на дијабетес потребно е во текот на пролета, сето време дури глуварчето цути, секој ден да се изеде околу 10 стебленца од глуварчето. При тоа билката претходно треба да се измие и потоа се отстрануваат цветовите. Стебленцата добро и полека треба да ги џвакате па потоа га ги голтнете.
Потврдено е дека зачинот цимет ја зголемува активноста на инсулинот, така да една лажица цимет во текот на денот може да го намали нивото на шеќер во крвта. Освен тоа циметот го намалува нивото на лошиот холестерол и триглицеридите во крвта.
Малинката е исто така природен лек за регулирање на нивото на шеќерот во крвта.
Пченката, овесот или зобта ја чистат крвта, крвните садови и помагаат во лекувањето на шеќерната болест.
Лекувањето на шеќерната болест (дијабетес), подразбира диетална исхрана со намалено внесување на јаглените хидрати. Исфрлување на нездравите маснотии и користење на здрави и корисни маснотии како што се ланено и рибино масло. Потребно е да обрнете внимание на доволно внесување на минерали, затоа што ова болест често предизвикува и недостиг на минерали во организмот.
За исхрана на дијабетичарите се препорачува чичока ( билка која е слична на компирот која е воедно здрава замена за компир ), поради тоа, ова билка за разлика од компирот не содржи скроб, туку инулин. .
Магдоносот од секогаш се употребувал за лекување и превенција на шеќерната болест (дијабетес) и тоа така да свежите листови од магдонос треба да се исечат, коренот на ова билка ситно да се изренда, па се да се измеша со една шолја кисело млеко или јогурт. Се пие секоја вечер пред заминување на спиење.