Во текот на летото најдобро е да се храните со зеленчук, а фактот дека ни е на дофат на раката само придонесува за тоа да свежите салати се најдат во секојдневниот мени.
Покрај богатството на вкусовите во кој ќе уживате со редовното внесување на зеленчук ќе ја зголемите отпорноста на организмот на УВ зрачење, на кои сте во летото изложени. Било да е салатата направена од еден или повеќе видови на зеленчук, важно е да знаете зошто зеленчукот е толку здрав и корисен за нашиот организам.
Краставицата – идеална за детоксикација
Поради зголеменото потење, во летото се губи повеќе калиум. Краставицата е најдоброто решение, затоа што го содржи овој минерал во големи количества. Позната како исклучителна диетална намирница, краставицата е идеална за оние кои сакаат да ги изгубат прекумерните килограми. Овој вид на зеленчук поттикнува излачување на вода од организмот, односно отровни материи, па е корисно да се вклучи во процес на детоксикација на телото. Силициумот и витаминот Е од кората на краставица ја прави кожата на лицето да биде поубава и оптегната.
Доматот – храна и лек
Доматот е познат чистач на организмот и диуретик, поради своите лековити својства еден е од омилените видови на зеленчук. Богат е со бета каротен, калциум, витамини А,Б,Ц,Д и К. Доматот успешно ја спречува анемијата, кожните заболувања, срцеви заболувања, и заболувањето на крвните садови, уморот и исцрпеноста.
Салата со домат и краставица
Потребно е:
– 2 моркови
– 1 краставица
– 2 домати
– 1 лажица сол
Подготовка: Излупете го доматот и исечете го на ситни парчиња. Така исечениот домат ставете во тепсија. Измијте го морковот, излупете го со посебен нож и тоа сечете го на стапчиња и ставете го на друга тепсија. Тоа повторете го и со вториот морков. Краставицата измијте ја и излупете ја. Потоа со нож исечете ја на тркалца. Тркалцата исто така ставете ги во посебен сад. Доматот ставете го на средина на чинијата. Стапчиња од морков ставете ги преку доматот. Краставиците редете ги околу доматот. На крај сето ова посолете.
Вкусни и здрави тиквички
Тиквичките се корисни затоа што обилуваат со минерали, витамини и диетални влакна. Ја зголемуваат концентрацијата, го намалуваат нивото на холестеролот и ги исфрлуваат токсините од крвта.
Салата од тиквички
Потребно е:
– 1 килограм тиквички
– 200 милилитри јогурт
– 2 лажици таан
– мала главица на лук
– копар, морска сол, пипер
– мелен лан, сусам
Подготовка: Тиквичките измијте ги и исечете ги на тркалца. Потоа посолете ги и оставете ги на кратко да поседат за да пуштат вода. Суровите тиквички редете според упатството на претходната варијанта на салатата, а на крајот на салатата додадете мелен сусам и лен. Салатата оставете ја во фрижидер неколку часа за да се олади. Служете со препечен интегрален леб или двопек.
Не ја заборавајте боранијата
Искористете ја сезоната на боранијата и подгответе ниско калорична, освежителна и едноставна салата со пријатен вкус.
Боранија со благо-кисел прелив
Потребно е:
– 2 децилитри оцет
– сок од лимон
– 30 грама шеќер
– 200 грама боранија
– 200 грама тиквички
– 200 грама грашок
– лист од ловор, кромид и лук
– маслиновото масло
Подготовка: Пропржете го кромидот и лукот на маслиновото масло. Додадете 2 децилитри оцет, сок од еден лимон, 30 грама шеќер, ливчиња ловор и кога течноста ќе поврие, варете 5 минути. Посебно во солена зовриена вода сварете 200 грама млада боранија, 200 грама тиквички кои се исечени на траки и 200 грама исчистен млад грашок. Исцедете, префрлете во садот за салата, прелејте со подготвениот прелив, и служете.
Зелка – за биолошката рамнотежа
Со зелката во нашето тело се внесуваат елементи кои се клучни во одбраната од различни заболувања. Зеленчук со ниска калорична вредност, со витамин Ц, бета каротен, калциум и со ниска содржина на натриум, добар однос на калиум и фосфор, зазема едно од водечките места на листата на здрава храна.