Бананата е најдобар појадок за сите оние кои сакаат подоцна да го јадат утринскиот појадок. Ова жолто овошје (посебно кога е зрело) е најбогат извор на резистентен скроб, благодарение на кој подолго ќе се чувствувате сито.
Одличен се извор на енергија, помагаат во војната против депресија, најдобро се овошје за време на ПМС и исто така бананите се добри за концентрација.
Доколку во кашата од зоб додадете банана, додадете малку природен шеќер и утринскиот појадок ќе биде повкусен и поздрав.
Благодарение на калиумот со кој се богати бананите, одлични се за намалувањето на крвниот притисок и најдобар избор за личности кои патат од хипертензија.
Бананата е богата со диетални влакна и витамини, па е затоа одличен извор на калиум и енергија.
Бананата користете ја за: нормализација на крвниот притисок и подобро функционирање на срцето, работата на клетките, нервите и мускулите. Одлична е за варењето на храната и помага во забавувањето на загубата на калциумот кај заболувањата како што е остеопорозата. Бананите се богати со витамини од групата Б кои помагаат во смирување на нервниот систем. Доколку сте под голем стрес на работното место, наместо нездрава храна, подобро е да ја јадете бананата. Дали имате проблем со спиење? Бананите се одличен избор затоа што содржат магнезиум кој ги опушта мускулите и Ви помага побрзо да заспиете.
Истражувањата покажаа дека комбинацијата на бананата со млекото битно го намалува лачењето на киселините во желудникот, затоа испробајте некои рецептите каде што се комбинираат тие две намирници.
Освен во незиниот изворен и природен облик, бананата може да се консумира и во комбинација со други намирници. На пример, за утринскиот појадок, измешајте го јогуртот, јаготките и мелените зобни снегулки и ќе добиете енергетска напивка.