Француската кралица често уживала во слатките, пикантните специјалитети и врвни гурманлаци. Како тогаш успеала да ја одржи витката линија и обемот на струкот од само 58 сантиметри? Ви откриваме дворските тајни од 18. Век.
Марија Антоанета, француската кралица запомнета е по изјавата ῎Нека јадат колачи῎, и својот живот го поминала водена по тоа правило.
Кралицата уживала во слатките, се препуштала на вистинските гурманлаци и уживала во гастрономските специјалитети како што и одговарало на нејзиниот статус. Па како е тогаш можно да имала обем на струк од 58 сантиметри, поради што, како што се наведува во некои историски извори, не било потребно да носи корсети под фустаните?
Тајната на незиниот тенок струк е во правилниот распоред на оброците, каде за утринскиот појадок задолжително е одредено количество на слатки, а за вечера се дава само лесен оброк.
Утринскиот појадок на Марија Антоанета се состоел од печиво со кафе или топло чоколадо, за предјадење јадела паштета, остриги и јастог, а за ручек гулаш од зајак, лосос, школки. Преку денот уживала во макарони со сирење и зеленчук во пикантен сос.
Режимот на исхрана на француската кралица го отсликува таканаречениот ῎француски парадокс῎, каде што се јаде количество на храна, а сепак се одржува витка линија, а со самото тоа се избегнуваат и срцевите проблеми.
Клучот на исхраната на Марија Антоанета е во внесот на слатките за утринскиот појадок, со што апетитот се задоволува на подолго време, додека вечерата ја сочинува супа или зеленчук, каде што е важно да не е во прашање нездрава, јака храна и алкохол
Затоа препуштете се на кралевска гозба – благ утрински појадок, ручек по Ваш избор и лесна вечера пред 20:00 часа, и нема да имате проблеми во одржување на витка линија.