Слабо ги помните правилата, мразите да готвите, а сакате да ги намалите килограмите? За Вас идеална е салата диета. Од сите диети, салата диета е најверојатно една од најлесните за усвојување, а многу лесно ќе отстраните до три килограми за месец дена.
Салата диета се засновува на две основни идеи: една е доколку сакате да ја намалете телесната тежина морате да ги замените поголемите калориски појадоци со помали калориски појадоци, а друга е да со вклучување на салата во оброците го намалите внесувањето на калории на дневна база.
Следејќи ја ова диета ќе изгубите до 3 килограми месечно. Колку ќе изгубите во голема мерка зависи од Вашето дневно калориско внесување, кое е засновано врз основа на полот, староста, висина, тежина и секако на секојдневните активности.
КАКО ИЗГЛЕДА ПРОГРАМАТА
Еден од најдобрите елементи на програмата на ова диета е дека не постојат многу работи за помнење. Во суштина, можете да почнете од тоа да вклучувате најмалку по три салати неделно. Со салатите заменете ги редовните оброци кои вообичаено ги јадете. Со текот на времето работете на тоа да го зголемувате бројот на салатите во текот на неделата, додека не стигнете до тоа да јадете барем еднаш дневно салата како оброк. Дополнителна корист од салата диета е да можете да го намалите нивото на холестеролот како и крвниот притисок.
БЕЗ ИЗГЛАДНУВАЊЕ
Кога ја следите салата диета, Вие се прилагодувате на едноставниот план каде не треба да се изгладнувате. Наместо тоа, едноставно фокусирајте се да јадете што е можно повеќе салата, која по своја природа има малку калории. Уште една работа кај ова диета е да помага во намалено внесување на пржена храна и производи со големо количество на шеќер, а да не спомнуваме дека за подготовка на една просечна салата се доволни само десетина минути.
МЕШАЈТЕ ГИ НАМИРНИЦИТЕ
Идеалните салати кај оваа диета се оние од овошје и зеленчук, но во почетокот нека тоа Ви биде ограничување – слободно можете да консумирате сирење, понекогаш јајце, туна – за да можете полесно да се навикнете на поинаков оброк. После тоа – идеалната салата е големата салата од различен зеленчук во сите бои.