Дојде пролетта и наместо да се радуваме и да бидеме полни со енергија ние се бориме со добро познатите симптоми: главоболки, слабост, умор, проблематичен тен … Пијте многу вода, билни чаеви, овошје и зеленчук.
Освен тоа, треба да го отстраните вишокот на килограми до летната сезона кога не очекува купачи костим. Еве едена одлична детокс програма која ќе Ви помогне да се ослободите од масните наслаги, а во исто време ќе го закрепнете и регенерирате организмот.
1. ДЕН
Утрински појадок: Овошна салата
Ужина: Јогурт со пробиотици
Ручек: Густа чорба од зеленчук
Ужина: Грејпфрут
Вечера: Варена пастрмка на пареа, спанаќ
2. ДЕН
Утрински појадок: Овошна салата
Ужина: Јогурт со пробиотици
Ручек: Чорба од домати, интегрален ориз со тиквички
3. ДЕН
Утрински појадок: Снегулки од овес со цимет и млеко
Ужина: Сок од грејпфрут
Ручек: Салата од мешан зеленчук и чорба од тиквички
Ужина: Банана
Вечера: Пилешки стек, зелена салата со краставица и целер
4. ДЕН
Утрински појадок:Овошна салата
Ужина: Јогутр со пробиотици
Ручек: Интегрални тестенини со сос од домат и медитерански зачини
Ужина: Портокал
Вечера: Мешана салата со туна
5. ДЕН
Утрински појадок:Овошна салата
Ужина: Јогурт со пробиотици
Ручек: Чорба од домат, интегрални ориз со брокула и пченка, зелена салата и цвекло.
Ужина Свеж ананас
Вечера: Тофу со ржан леб
6. ДЕН
Утрински појадок: Мусли со јогурт
Ужина: Киви
Ручек: Салата од црвена зелка, чорба од зеленчук
Ужина: Јаболко
Вечера: Месо од мисирка, салата од цвекло
7. ДЕН
Утрински појадок: Каша од овес со млеко
Ужина: Грејпфрут
Ручек: Крем чорба од морков и праз
Ужина: Круша
Вечера: Ослиќ печен во фолија и барена блитва