Телото бара постојани вежби и дисциплина. Телото е направено да биде во движење и доколку тоа задоволство му овозможите телото ќе Ве награди со здравје.
Ви преставуваме неколку чекори благодарение на кои ќе го засакате вежбањето и ќе вежбате редовно.
Имајте време
Недостиг на времето е едно од главните причини поради кои луѓето не вежбаат. Во просек секој поминува околу четири часа пред телевизор, така да тоа не е вистина. Секогаш можете да најдете време за вежбање.
Почувствувајте ја љубовта
Не можете да истраете во нешто што не го сакате. Експериментирајте и истражувајте кои вежби Ви одговараат.
Побарајте совет
Побарајте совет од искусните луѓе кои постојано вежбаат, но и од стручните весници, книги, интернет, затоа што така ќе знаете повеќе за вежбањето.
Купувајте ја вистинската опрема
Можеби нови патики за трчање делуваат скапо, но верувајте дека вложувате во вистинска работа. Без оглед на тоа со која активност се занимавате, вистинската опрема може да Ви помогне во постигнување на добри резултати, но и во спречување на повреди.
Нема брзи решенија
Во фитнесот нема брзи и лесни решенија. За се морате добро да се помачите. Сепак, секое патување почнува со еден чекор, а бидете сигурни дека ќе уживате во секој следен чекор.
Натпреварувајте се
Најдобро би било да се натпреварувате со самите себеси. Секој пат кога ќе го постигнете најдобриот резултат, насочете се кон нов. Така ќе работите се повредно и подобро.
Вежбајте кога сте и на одмор
Не мора да се откажувате од секој коктел или голем колач додека сте на одмор, но тоа не значи дека не треба да вежбате. Посетете ја теретаната веднаш штом ќе се разбудите или повеќе движете се и така подобро запознајте го местото во кое престојувате.
Натерајте се
Има денови кога треба да го слушате Вашето тело и да кажете ῎не῎ на вежбањето. Тоа треба да го направите кога сте повредени или болни или имате навистина битни обврски.
Меѓутоа, сите оние денови кога се премислувате поради дождот или моменталното нерасположение, сетете се дека тоа го правите за себе.
Наполнете се со енергија
Не можете да тренирате како треба, доколку не се храните правилно. Впрочем, јасно е дека многу е потешко да истрошите 1000 калории отколку да ги внесете. Затоа секогаш мислете на тоа. Дајте му предност на протеините а не на преработените јаглени хидрати.
Никогаш не прекинувајте со вежбањето
Никогаш не прекинувајте со вежбањето. Нека вежбањето стане Вашата навика како перење на заби или редовен утрински појадок.Организирајте го Вашето време и Вашето тело ќе Ви биде благодарно.