Најновите истражувања покажаа дека броколата може да спречи, односно да го забави појавувањето на артритис. Истражувањата потврдија дека сулфорафан, единение кое се наоѓа во брокулата, делува против уништување на рскавицата во зглобовите, а со самото тоа и против дегенеративните заболувања на рацете, нозете, колената и рбетот.
– Резултатите на овие истражувања се ветувачки. Истражувањето е спроведувано на глувците, а сега сакаме да докажеме дека делува и на луѓето – рекол Лан Кларк, професор по биологија на Универзитетот Источна Англија.
Доколку се докажи дека истражувањето е релевантно и за луѓето, тоа ќе биде значајно за пронаоѓањето на што поадекватна заштита на човечките зглобови.
Повеќе од 8,5 милиони луѓе во Голема Британија имаат остео артритис. Годишно во Англија и во Велс се извршуваат околу 140 илјада операции на заменување на колковите. Оваа болест најчесто ги погодува луѓето постари од 50 години, а жените се повеќе подложни од мажите. Моментално не постои лек.
Стареењето и дебелината го забрзуваат развојот на болеста, а научниците предвидуваат дека до 2035. година бројот на заболени нагло ќе се зголеми.
Ален Силмен, медицински директор на истражувањето, истакнал дека ова интересна студија сугерира дека зеленчукот, попрецизно брокулата би можела да биде од корист за здравјето на повозрасните луѓе кои се заболени од остео артритис.
– До сега ниедно истражување не покажало дека храната игра било каква улога во запирањето на развој на остео артритис, ако овие налази можат да се применат на луѓето, тоа ќе биде голем успех.
До сега е докажано дека вежбањето и водењето сметка за телесната тежина превентивно делува на здравјето на луѓето. Ова истражување му даде на исхраната посебен значај.
Брокулата е богата со диетални влакна, минерали, антиоксиданси со витамини А и Ц. Претходните истражувања утврдија дека сулфорафан има антиканцерогено и антиифламаторно делување.