Луѓето се откажуваат од вежбањето во првите 6 месеци најчесто поради две причини: или немаат успано да одредат термин во денот за вежбање или не го гледаат резултатот.
Луѓето многу често имаат погрешен пристап кон вежбањето и грешките кои ги прават никаде не ги водат.
1. Фокусирање на квантитетот во однос на квалитетот
Некои луѓе одат на вежбање од навика, и често се досадуваат отколку што вежбаат, За сериозни резултати потребно е и сериозно вежбање. Не можете да трчате на траката доколку во исто време читате книга или да кревате лесни тегови и да очекувате да видите некои резултати. Тоа едноставно е невозможно! За да дојдете до резултати морате поштено да се испотите.
2. Вежбање без план и следење на резултати
Следната грешка кои луѓето ја прават е да го преценуваат времето кое го трошат вежбајќи како и начинот на кој се работат вежбите. Треба да се биде објективен. Најдобро е да водите дневник така да секој момент можете да имате во предвид за тоа што, кога и колку работевте. Важно е да поставите реални цели.
3. Неправилна исхрана
Често ја потценувате важноста на исхраната во овој процес. Доколку сакате да ги намалите килограмите мора да бидете искрени кон себе си, да ја пронајдете диета која ќе Ви одговара и да се придржувате до неа. Ништо не ни вреди тренингот доколку не го испратиме со правилната исхрана.
4. Погрешен избор на вежби или погрешно вежбање
Важно е да се направи вистинскиот избор на вежби и да ги работите правилно. Вежбите не можете да ги научите доколку ги гледате другите луѓе во теретана како вежбаат затоа што не можете да бидете сигурни дали и тие ги работат правилно и не знаете кои се нивните можности и ограничувања. Најдобро е планот и програмот да го направите со професионален тренер кои може да Ви помогне да ги изберете најдобрите вежби за она што сакате да го постигнете. Со погрешните вежби доаѓаме и до погрешни резултати. Исто така е важно да научите да тие вежби ги работите правилно за да ги избегнете можните повреди.
5. Монотонија
Доколку секој ден ги правите истите вежби ќе дојдете до заклучок дека тие вежби не даваат ништо ново. Точно е дека со текот на времето се постигнува совршенство но исто така ќе стигнете до точка од каде повеќе не напредуваат. Најдобро е вежбите да ги менувате по неколку недели. Доволно е да ја менувате должината на траењето или тежината на вежбите.