Кога легендарниот Ахил ја освојувал Троја бил погоден во петицата со отровна стрела од страна на убавиот Парис. Легендата кажува дека божицата Афродита го советувала Ахил да ја употреби билката Achillea millefalium и така да ги намали несносните болки.
Бидејќи ајдучката трева во старите книги за лековити растенија е означена како„лек против сите болести”, може да се користи таму каде што ништо не помага и каде што повеќе нема надеж. Чајот од ајдучка трева се препорачува кај главоболките како и против несвестиците, нагоните за повраќање, кај болестите на очите кои се пратени со секрет и солзење на очите, кај јаките болки во очите и крвавење од носот. Нападот на мигрена, како последица на преголема чувствителност на промената на времето или при појава на топлиот ветер, ќе помини веќе по првата испиена шолја чај од ајдучка трева, која треба да се пие во голтки, што е можно потопол. Со редовната консумација на овој чај се постигнува потполно излекување од мигрена.
Што се лекува?
Директно делува на коскената срцевина и во неа поттикнува создавање на црвените крвни зрнца. Затоа кај болестите на коскената срцевина, па и кај гноењето на коските, кога лекарствата не помагаат, треба да се применуваат терапии со чај од ајдучка трева. Исто така ова лековита билка може да се додаде во купките и кожата да се масира со тинктурите од ајдучка трева. Ова растение е добро средство за запирање на крвавењето од белите дробови, а според некои истражување може и да излекува рак на белите дробови. Чајот бргу помага кај крвавењето во желудникот, кај хемороидите кои крвават, како и кај притисокот во желудникот и кај киселините во желудникот. Кога станува збор за настинка, болки во грбот, чајот од ајдучка трева треба да се пие во што поголеми количества и што е можно потопол. Со овој чај може да се регулира работата на бубрезите, да се отстрани недостигот на апетитот, надуеноста и болките во желудникот, ја нормализира работата на дробот, лекува воспаление на желудникот и ја регулира столицата. Бидејќи многу помага и кај пореметувањето на циркулацијата и грчот на крвните садови, чајот од ајдучката трева најмногу му се препорачува на луѓе кои боледуваат од ангина пекторис.
Купки од ајдучка трева
Свештеникот Кнајп во своите списи кажува: „Жените би биле поштедени од многу болести кога на време би почнале да ја користат ајдучката трева!” Болките предизвикани од воспаление на јајници често престануваат веќе по првата купка од ајдучката трева, а воспалението постепено се смирува. Купките се успешни и кај мокрење во кревет кај деца и стари лица. Во случај на миоми, купката треба да се применува секојдневно подолг временски период, додека на лекарската контрола не се потврди дека резултатот е негативен.
Жените во климакс би требало да пијат чај од ајдучката трева затоа што овој чај ќе го намали внатрешниот немир и другите тегоби.
Начин на употребана ајдучката трева
– Чај
Една полна кафена лажица да се попари со четврт литар вода и да се остави да поседи кратко време.
– Купка
Сто грама ајдучка трева ( цела билка ) да се остави цела ноќ да биде во студена вода, наредниот ден затоплувајте ја водата со ајдучката трева додека не проврие, а потоа додадете ја во водата за капење.
Ајдучката трева извонредно добро делува во лекувањето на шеќерната болест ( посебно во почетниот стадиум ). Нејзината голема лековитост се објаснува со големата содржина на хлорофил, кој поволно влијае на создавањето на крвта, а со самото тоа и за зајакнување на организмот.