Поред несомнена убавина, цветот невен ги зацелува раните, изгорениците и инфекциите.
Латинското име на ова едногодишна билка е Calendula officinalis и има корен во зборот на старите Римјани “kalendar” – прв ден во месецот, која ја опишува особината на невенот да цути секој месец.
Во фамилијата на невенот се вбројуваат уште дваесет видови на билки, но во медицински и кулинарски цели се користи исклучиво (Calendula officinalis). Со својот облик и боја наликува на сонце кон кое покажува извонредна осетливост. Цветовите се отвораат со првите сончеви зраци и со неговото заоѓање се затвараат. Поради убавината на невенот и интензитетот на боите кои се задржуваат дури и на осушените латици, ова волшебна билка е сместена во многу митови и легенди: се верува дека штити од тага и дека тажните ги развеселува
Невенот поради неговите лековити својства го одгледуваа уште и Еѓипќаните, Хиндусите и Арапите, додека во Европа неговата лековитост се препознава дури во 12. век. Од тогаш традиционално се користи за лекувањето на раните, изгорениците, инфекциите … Тогаш, како и денес, ова билка има широка намена не само во медицински, туку и во кулинарски и козметички цели.
Прекрасната боја на осушените латици и со боја и со вкус го заменува шафранот, па затоа многу се користи, посебно во Медитеранот, како зачинска билка во производството на сирење, путер, салатите, шурупите и т.н. Често се користи за боење на храната, но и во фабриките за производство на бои за коса. Сепак, во текот на историјата а и денес, невенот најмногу се користи во медицински цели. Можи да се каже дека е тој најчесто користен цвет во подготовка на лековитите препарати за лекување и нега на кожата, а денес влегува во состав на лековити масти и козметички производи на најпознати козметички куќи.
Во невенот се наоѓаат биолошки активни супстанци од широк спектар, од етерските масла преку природните бои до сапунини, флавоноиди, тритерпен фарадиол и полисахариди. Во оваа “златна ризница” има повеќе од 50 единенија кои со своето поединечно и заедничко делување е заслужна за широката примена на овој цвет. Со современите истражувања изолиран е голем број на овие единенија и во експериментите е покажана нивната фармаколошка активност. Поред своето ефикасно делување е доволно нежен за да може да се користи во дерматолошки-козметички производи за исклучително осетлива кожа, како и за кожа на бебињата.
Без оглед на тоа дали се зборува за козметички или дерматолошки производи врз база на невен, тие во свој состав, согласно со намената, треба да содржат потребна количина на биолошки активни единенија. За да одредени групи на единенија го остварат своето делување, како на пример, за да сапонините и полисахаридите ја хидрираат кожата, нивната концентрација во производот мора да биде соодветна.
Тоа е барање кои ги исполнуваат само производите во кои е строго дефинирано и гарантирано количеството на употребливите цветови од невен, односно од нив изолирани активни молекули. Применување на современи технолошки методи на екстракција тоа го овозможува, и со нив се внесува во технологијата потребни количини на цветот невен за ефикасното делување на производот. “Полната шолја на цветови од невен во кремот” е количество на цветови со која иритираната кожа може да се хидрира “смири” и дури тогаш да се открие невенот и почувствува неговата лековитост. А се верува дека кога еднаш кога ќе се запозна невенот и се она што тој овозможува, се стекнува вечен пријател.