Лимонот е здрав и одличен за подмладување на кожата. Зимата и долгото седење во затворениот простор го исцрпува нашето тело. Диета со лимон е одличен начин за подобрување и чистење на организам.
Еднодневната диета со лимон се концентрира на внесување на храна и напивки кои по природен пат ќе го исчисти телото од штетните токсини. Диетата со лимон се темели на зголеменото внесување на природен сок од лимон, лимонада но го вклучува и овошјето, мешунките, јатките и семките. Наместо да јадете храна од која ќе се чувствувате уморно или десерти кои само привремено ќе ви го зголеми нивото на шеќер во крвта, во организам ќе внесете храна која ќе Ве прочисти, ќе Ви ја врати енергијата, а поголемото количество вода ќе го поттикни природниот процес на детоксикација на телото.
Ова еднодневна диета е одличен начин да се вратите на вистинскиот пат. Иако ќе забележите губење на килограмите ( 500 до 1 килограм ), основна цел на ова диета не е намалување на килограмите туку враќање на енергијата со помош најдобрите природни нутриенти кое телото може да добие. Ова диета не би требало да трае повеќе од еден ден во неделата, а наједноставно ќе Ви биде доколку се одлучите да ја спроведувате во сабота или недела кога не сте на работа затоа што ќе успеете да пронајдете време за релаксација и подготовка на јадењата. Темелот на диетата е свежо исцеден сок од лимон, многу вода, редовни оброци и меѓу оброци, и правилните временски паузи помеѓу оброците.
Обидете се да станувате рано наутро, испијте ја Вашата прва чаша лимонада. Немојте да пиете ладна лимонада затоа што ќе го шокира Вашиот организам, а тоа може да предизвика надуеност. Почекајте најмалку половина час или утринско јадење пред миење на заби.
Утрински појадок:
– шумско овошје ( малини, јагоди, боровинки, рибизли )
– 1 круша
– 1 јаболка
– јогурт
– една рака бадеми
Овошјето можете да го јадете посебно или можете да направите овошен јогурт од сите состојки.
Меѓу оброк: Испиете ја втората чаша лимонада. По десет минути изедете една банана и една рака семки од сончоглед или тиква.
Ручек:
Подгответе ручек од било кој вид на мешунки. Сварете ги мешунките и зачинете ги или со исцеден лимон или со маслиново масло. Порцијата не е ограничена, но битно е да не се претерува.
Меѓу оброк:
Трета чаша лимонада, а десетина минути потоа изедете краставица или зелена салата. Земете и една рака лешници или некое суво овошје.
Вечера:
Риба на скара, можете уз риба јадете колку сакате и кој сакате зеленчук ( морков, брокула, спанаќ … ) само е важно да биде сварено и без зачини. Ако не јадете риба, замена може да биде соја или авокадо.
Два часа пред заминување на спиење:
Чаша лимонада. Пред заминување во кревет направете си купка со етерични масла затоа што арома терапевтско делување ќе Ве релаксира. Цел ден внесувајте што е можно повеќе чиста вода во организам.