Заборавете на гладувањето, или плановите дека еден единствен оброк ќе биде доволен за вас во текот на денот. Од оваа листа одберете ги оние одлуки кои ви се чинат доволно едноставни и вие ќе можете лесно да ги испочитувате.
1. Направете неколку мали одлуки до кои строго ќе се придржувате.
Запаметете, доколку сакате да ослабите неколку килограми направете онакви правила и одлуки, до кои ќе се придржувате. Ако се оптеретите со одлуки од типот -ќе ослабам 10 или 20 килограми за 60 дена, тоа значи дека однапред сте се осудиле на неуспех и откажување од овој план. За почеток важно е да знете што навистина сакате да постигнете но имајќи во предвид дека додека се стремите кон целта вие треба да се чуствувате добро!
2. Избегнувајте вага за мерење
Ако сте решени паметно да ослабите и килажата што ја сакате да ја задржите подолго време, наместо секој час да ја проверувате тежината изберете секси фармерки кои ви се допаѓаат и сакате да ги носите. пробувајте ги и во однос на нив ќе видите до која мера и со која брзина напредува вашата диета. Мотивацијата да го закопчате посакуваниот дел од гардеробата без преливање од страна ќе ви помогне повеќе од било која метода во покажување колку напредувате.
3. Теретана наместо промена на гардероба
Она што го облекувате во теретана е многу значајно, бидејќи може да влијае на вашата желба да го прескокнете и овој тренинг. Веројатно ќе сакате да ја покажете новата памучна маица и пар хеланки со анимал принт, ќе се осеќате посигурно во себе , појако и поспремно да работите со своите облини, тогаш кога можете да ги видите.
4. Јадете повеќе за да ослабите повеќе
Звучи како погрешна логика, но стручњаците од областа на диететиката сметаат дека повеќето луѓе кои сакат да ослабат прескокнуваат барем еден оброк дневно, што е потполно погрешно. Најдобриот доручек содржи житарки, млеко или јогурт, половина банана или некое црвено овошје и малку ореви или бадеми.
5. Омилената калорична храна не ја исфрлајте, само намалете го нејзиниот внес
Постојат намирници кои се лоши по нашето здравје, или килограми, но ако нагло го прекинеме тоа што го јадеме, нема многу да помогне, а ние ќе изедеме не 1 туку 7 омилени колачи. Не треба да се биде нереален кога се во прашање санкциите околу одредени врсти намирници, особено слатките.
6. Диетата започнете ја во Понеделник
Испитувањата потврдиле дека најуспешни и најдолготрајни се оние диети кои се започнати во понеделник, бидејќи тоа е ден кој на симболичко ниво означува нов почеток.
7. Направете лична контрола на порциите кои ги јадете
Не ви треба вага за да измерите се што јадете, на против, некоја величина на пример дланката нека биде вашиот мерач за ориз, грав, тестенини, варен зеленчук, житарки и сл. Ако сакате да додадете маргарин или мајонез водете сметка да не биде во големи количини, не поголеми од нокт на вашата рака, кога веќе зборуваме за такво мерење.
8. Водете дневник
На овој начин лесно ќе пратите колку калории внесувате, ќе ја модифицирате диетата онолку колку што сметате дка треба , ако во нешто сте претерале можеби ќе ја подобрите ефикасноста на постоечката диета. Благовремено ќе ви стане јасно на кои намирници вашето тело најдобро и најлошо реагира, што ќе ви овозможи пропуштеното да го надополните.
9. Поставете си себеси мала и реална цел
Можеби секогаш кога ќе постигнете мал резултат ќе решите да се наградите со тенко парче торта, а потоа ќе прошетате некој километар повеќе или ќе трчате наутро 15 минути подолго.Било каква промена во однесувањето ќе ви помогне да имате нов поттик, да ги издржите потешкотиите и патот до успехот кои си ги зацртавте, планирате и можете даги исполните!