Заборавете го гладувањето и ригорозните диети, затоа што со малку труд можете да изгледате подобро и да бидете задоволни со своето тело.
Држењето – вежби за зајакнување го подобруваат држењето, го намалуваат стомакот и дури може да ја зголемат Вашата висина за 1,5 центиметри, бидејќи кога се исправувате и истегнувате сосема е разбирливо дека ќе бидете повисоки. Практикувајте ја ова вежба дава пати неделно: легнете на стомак на под и испружете ги рацете напред. Во исто време кренете ги рацете и нозете неколку сантиметри во вис, така да само торзото и колковите го допираат подот. Останете во таа положба десетина секунди, потоа вратете се во првобитната положба. Повторете ја ова вежба дванаесет пати, во два сета.
Надлактици – од надлактиците масното ткиво побрзо се истопува отколку од стомакот. Имајќи ја овој охрабрувачки факт во умот, правете вежби за трицепси: седнете на столица, поставете ги дланките на крајот и испружете ги нозете пред себе. Свиткувајте ги рацете во лактите и со нивната снага поткренете го задникот од столицата. Останете во таа положба десетина секунди, потоа вратете се во почетна положба. Повторете ова вежба десет пати.
Кондиција – комбинирајте кратки интервали на интензивни вежби со подолги полесни интервали, како на пример брзо трчање – одење.
Нозе – делот над коленото, во висина од 10 до 15 сантиметри, за жал е најкритичен дел на женското тело, бидејќи брзо ја губи цврстината и еластичноста. Експертите по фитнес како најделотворна вежба препорачуваат наведнување и станување. Работете ги чучњевите по десет пати со дава повторувања, а вежбите изведувајте ги три пати неделно.
Задникот – задникот го сочинуваат три групи на мускули, а со редовното вежбање може да се измени обликот на задникот. Експертите препорачуваат да застанете пред столицата и да се спуштате кон неа ( како да сакате да седнете ) ама тоа правете го бавно. Запрете се во моментот кога Вашиот задник ќе се најди сантиметар или два над столицата, а потоа вратете се во почетната позиција. Повторете ја вежбата 12 пати, а би било добро да во рацете ги држите теговите со тежина од 1,5 килограми до 2 килограми. Изведувајте ја ова вежба половина час три пати во неделата и сигурно ќе имате убав и цврст задник.
Градите – за да Вашите гради останат цврсти, во текот на физичката активност задолжително носете квалитетен спортски градник кои ќе го запри опуштањето на градите. Обидете се да застанете со лицето свртени кон ѕидот, ставете на ѕид двете раце кои се раширени во ширина на рамената. Свиткувајте и испружете ги рацете во лактите за да можете телото да го приближувате и оддалечувате од ѕидот ( движења како кај класичните склекови ). Повторете ја вежбата 12 пати и изведувајте ја три пати во неделата.
Рамената – склековите се незаобиколна вежба за затегнување и обликување на рамената, корекција на телото кое има облик на круша или истакнување на струкот.
Струкот – легнете на бок, составете ги нозете, тежината на телото нека паѓа на подлактицата на левата рака. Ставете ја десната рака на бок и водете сметка да нозете Ви останат испружени, поткренете ги колковите од подот во висина 20 – 30 сантиметри. Останете во таква положба дваесет секунди, спуштете се на под и повторете ја вежбата. По десет повторувања префрлете се на другиот бок.
Задолжително пиење вода – убава, негувана и затегната кожа го прави секое тело повеќе секси. Младите жени посебно се склони кон дехидрација, поради што нивната кожа го губи сјајот и еластичноста. Пиењето големо количество кафе и алкохолни пијалаци основни се причинители на ова појава. Од друга страна, водата е единствено средство која одржува влажност на кожата и и дава еластичност и здрав сјај. Значи пијте најмалку две до три литри вода на ден и ќе ја освежите кожата.