Многу пати сте слушнале дека вежбањето е здраво за Вашиот организам и изглед, но она што зачудува, е дека спротивно на сите добри страни на рекреацијата, голем број на луѓе, не спортува, а они кои ќе почнат, брзо се откажуваат. Зошто – поради погрешниот избор на вежби. Стручњаците тврдат дека не одговара на сите истиот облик на вежбање и дека е тоа една од главните причини зошто луѓето брзо се откажуваат. Откријте кој тип на вежби најповеќе одговара на Вашиот карактер.
Доминантни и агресивни луѓе – агресивни и доминантни луѓе не се за тимски спортови. Бидејќи се работи за луѓе на кои им е најбитна кариерата и кои се склони кон натпреварување, тие не требаат да се занимаваат со тимските спортови. Таквите луѓе се со авантуристички дух и сакаат несекојдневни активности. Стручњаците им препорачуваат соло спортови, како што се трчањето и пливањето, а најдобар избор е и планинарењето, бидејќи вклучува натпревар со природата. За доминантните луѓе природата е единствен достоен противник.
Повлечени луѓе – повлечени луѓе најдобро се чувствуваат во друштво на луѓе кои ги познаваат, затоа што тогаш се чувствуваат заштитено и сигурно. За нив посебно се препорачува вежбањето во фитнес центри помеѓу други луѓе бидејќи на тој начин можат да се справат со нивната срамежливост. Вежби во фитнес центри ќе го подобрат нивното самодоверба, но ќе им обликуваат и телото.
Пасивни и уморни луѓе – луѓе кои имаат недостиг од енергија, не се мрзливи, туку едноставно не се доволно мотивирани. Тие, најчесто почнуваат со вежбите, но брзо се откажуваат. За да бидат повеќе мотивирани би требало да се одлучат за тимските спортови, бидејќи ќе ги мотивираат други луѓе кога на нив не им е до вежбање. Вежбањето треба да им стане навика и составен дел од животот, а освен тоа, ќе имаат и повеќе енергија.
Нарцисоидни луѓе – луѓе кои можеме да го окарактеризираме како нарцисоидни, секако водат сметка за нивното тело. На нив им е важно да бидат најдобри во се, па така и во вежбањето. Па поради тоа за нив е идеална она физичка активност која нема само да биде наменета за обликување на телото, туку со неа и да се забавуваат. Вистински избор за вакви луѓе е прошетка, јога, пилатес или возењето велосипед. Ваков вид на рекреација подобрува физичката способност, но во исто време ќе ги релаксира.