Оптимизмот и позитивното размислување не мора да биде напорна задача. Доволно е да не ги земаме сите работи при срце, да имаме малку повеќе доверба во луѓето и да заземеме позитивен став кон животот и се што не опкружува.
Оптимистите живеат подолго – истражувањата докажаа дека оптимизам има терапевтски ефект, меѓутоа резултатите од едно истражување спроведено во американската клиника “Мејо” доведоа до изненадувачки откритија. Во истражувањето, кое траело повеќе од 40 години, биле вклучени 900 испитаници, а конечниот резултат до кој дошле научниците оставија без зборови: оптимистите имаат дури 12 години подолг животен век во споредба со песимистите!
Лицата кои на се гледаат црно, се изложуваат на хронична состојба на стрес, а таа има штетно дејство врз здравјето: може да предизвика наружување на работата на метаболизмот, како и невролошки оштетувања, со што целиот организам станува подложен на рани, инфекции и вируси.
За разлика од нив, позитивните личности обично постапуваат со поголема почит кон своето тело, што значи дека внимаваат на здравјето и го одржуваат со правилен начин на исхрана, мирен сон и редовна физичка активност.
На некои лица оптимизмот им е вродена карактеристика и ним им е сосема природно да уживаат во секој пријатно поминат миг, имаат доверба во сопствените способности и цврсто се убедени дека лошите мигови се со минлива природа. Сепак, многу работи зависат и од личното искуство, од односите со околината, како и од поддршката што ја добиваат од најблиските, особено во животните периоди кои се карактеризираат со огромни промени.
Всушност, оптимизмот е карактеристика, која делумно може и треба да се научи во текот на животот.
Научете да размислувате позитивно – кога се однесувате ведро и отворено, започнувате да забележувате дека станувате посимпатични и попривлечни за околината, а со самото тоа и подобро расположени, што Ве поттикнува да бидете уште понепосредни во односите. Еве уште еден совет: обидете се да најдете некој издувен вентил за исфрлување на стресот ( на пример фитнес ), забележувајте во дневник се што Ви се случува, не ги запоставувајте пријателствата бидејќи еден од најважните елементи за оптимизам во животот е крај себе да имате блиски личност, која искрено се грижи за Вас.