Дали советите врзани за спорт некогаш Ви користеле? Можеби Ви имаат зборувано дека во бременоста не треба да се вежба или доколку саката да ослабете, доволен е само интензивен тренинг? Занемарете ги заблудите и дознаете што е навистина делотворно, а што невистина.
За убава линија доволен е само тренинг?
Спортот ќе Ви поможи да се ослободите од вишокот на килограми само доколку ја редуцирате исхраната, бидејќи така најдобро се забрзува размената на материите во телото. Без оглед на тоа колку вредно тренирате, неправилната исхрана може да Ви оневозможи слабеењето. Не Ви се потребни ригорозни диети, туку избалансирана исхрана со протеини од месо, риба, јајца и млеко. Во суштина, согорување на мастите не значи автоматско и нивното исфрлувањето. Само оној кој троши повеќе енергија отколку што внесува храна ќе биде со витка линија. Исто така, не мислете дека воспаление на мускулите е доказ дека сте ги затегнале мускулите. Воспаление на мускулите за жал докажува дека Вашите мускули не се потполно подготвени за тренинг.
Спортот во бременоста може да биде ризичен?
Вежбањето во текот на бременоста – доколку бременоста е проследена без проблеми, може да ги намали болките кои ги чувствувате. Ќе ги зацврстите мускулите, ќе ги намалите болките во грбот и ќе ја подобрите циркулацијата. Во бременоста емоционални пореметувања се вообичаени, најчести се депресијата и безволноста, посебно во доцната бременост. Во шестиот и седмиот месец веќе е отежнато движењето што е причина за беспомошност, досада и голем стрес. Поради тоа раздвижете го целото тело и намалете го стресот кој е потполно нормален во бременоста. Телесната активност ќе го забави дебелеењето и ќе Ви поможи да по породувањето полесно се вратите на старата килограми. Сепак, пред да почнете да тренирате, советувајте се со докторот. Многу е битно да ги познавате вашите телесни можности бидејќи доколку се префорсирате може да биде штетно и за Вас и за плодот.
Енергетските пијалаци се штетни по здравјето?
Постојат различни пијалаци кој што го зголемуваат нивото на енергијата во телото. Разликата е во тоа што некои имаат помалку, а некој повеќе јаглени хидрати. Во суштина енергетските пијалаци треба да се земат доколку тренингот трае повеќе од 60 минути. Во тој случај во текот на вежбањето во фитнес центарот, доколку трчате, на секои 15 минути напијте се по две голтки, голтка не секои два поминати километри. Велосипедисти треба да испијат по две голтки на секои пет километри. Сепак задолжително проверете ја декларацијата на продуктите. Доколку сокот содржи 60 калории на 250 милилитри, значи да се работи за разреден пијалак кој има шест до осум проценти јаглени хидрати, што е добро. Поголема калориска вредност ги отежнуваат посилни енергенти кои не смеат да се земат без контрола бидејќи тешко се апсорбираат во желудникот.
Сауните ги топат мастите?
Голем број на луѓе се обидуваат да се ослободат од прекумерната тежина во сауните, но во тоа не успеваат. Иако боравењето во соба полна со пареа го активира метаболизмот, го зајакнува системот на термоизолација и го пречистува организмот, потењето нема никаква врска со слабеењето. Меѓутоа, станува збор за моменталното намалување на килограмите кои со внесувањето на вода во организмот се повторно враќаат. Доколку сакате да ги стопете килограмите, треба да се посветите на спорт и да ја редуцирате исхраната, и тоа е тоа единствен начин за да ги стопите мастите.